Со фотографија од наводно болно момче креирана со ВИ се мамат емотивни реакции на социјалните мрежи
Нашата проверка покажа дека не се работи за веродостојна, туку за фотографија создадена со помош на вештачка интелигенција.Тоа го потврдуваат алатките за проверка на содржини кои се креирани со помош на вештачка интелигенција.
Нашата проверка покажа дека не се работи за веродостојна, туку за фотографија создадена со помош на вештачка интелигенција.Тоа го потврдуваат алатките за проверка на содржини кои се креирани со помош на вештачка интелигенција, како и Гугл
Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели:
Мама ми рече дека ако ми ставиш црвено срце , наскоро ќе оздравам.
Објавата споделува и емотивна фотографија од мало момче кое е со насолзени очи.
Објавата е доста вирална и во моментот на нашата анализа има 574 допаѓања, 230 коментари и 3 споделувања.
Ја побаравме фотoграфијата на Гугл, но не ја најдовме објавена во ниту еден сериозен медиум. Таа се појавува само на Фејсбук групи, во некои и пред две години, со цел да предизвика емотивни реакции од корисниците на социјалните мрежи.

Фотографијата ја има на фејсбук-групи на италијански јазик и на српски јазик. Фотографија со истото момче но поинаку облечено најдовме и на арапски јазик.
Нашата проверка покажа дека не се работи за веродостојна, туку за фотографија создадена со помош на вештачка интелигенција.
Тоа го потврдуваат алатките за проверка на содржини кои се креирани со помош на вештачка интелигенција, како и Гугл.
Така на пример, алатката Сајтенџин (Sightengine), покажува дека фотографијата е 99 проценти генерирана со помош на вештачка интелигенција.
Според алатката Хајв (Hive), фотографијата е 99,9 проценти генерирана со помош на вештачка интелигенција.

На социјалните мрежи сè почеста станува практиката да се злоупотребуваат фотографии креирани со помош на вештачка интелигенција за да се привлечат кликови и да подобри видливоста на одредени групи, да се предизвика поголемо ниво на сообраќај. Целта е да се креира емотивна реакција од следбениците кои честопати оставаат коментари под содржината, којашто не е реална.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја анализираме ја оценуваме како невистинита.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар