Со фотомонтажа лажно се тврди дека Ковид 19 е биолошко оружје на американската армија

Во пост на Фејсбук преку фотомнонтажа се манипулира јавноста со теорија на заговор дека короната е вештачки создадена и подметната во капсула од страна америкланската армија

Во пост на Фејсбук преку фотомонтажа се манипулира јавноста со теорија на заговор дека короната е вештачки создадена и подметната во капсула од страна америкланската армија

 

Со очигледна фотомонтажа непознат автор сугерира дека Ковид-19 е креиран од страна на американската армија и тоа во склоп на некаков ,,протокол за истребување” и дека на таков начин вирусот е раширен во Италија. Иако фотографија најнапред се појави на италијанското говорно подрачје, па во Босна и Херцеговина, не ја заобиколи ниту Македонија. Оваа објава, којашто датира од април godinava, сега е повторно актуелизирана и се коментира и споделува на Фејсбук.

Уште на почетокот, кога се појави на интернет просторот во Италија, оваа информација е експресно негирана и побиена од страна на италијанските факт чекери.

Тие се повикуваат на фонтот со кој е испишан текстот врз тоа што се тврди дека е капсула, како и позиционираноста на текстот. Понатаму, дека станува збор за измама која има за цел да поткрепи теорија на заговор, потврдува и фактот што се тврди дека во наводната капсула има ,,Ковид-19″.

Бидејќи Ковид-19 е името на болеста предизвикана од патогенот, односно вирусот Сарс Ков 2, тогаш комплетно е нелогично во капсула да се смести самата болест. Тоа е исто како да кажете дека имате полна капсула дијабетес или шишенце главоболка.

Понатаму, како што пишуваат и италијанските проверувачи на факти, оваа информација не е пренесена во ниту еден медиум, особено не релевантен медиум и претставува фантазија.

Како што наведува  Светската здравствена организација, потеклото на вирусот е животинско и нема научни докази кои што водат кон тоа да се смета дека истиот е вештачки конструиран или изманипулиран, како што се обидува да инсинуира оваа невешта фотомонтажа.

Информацијата проследена со фотографија ја оценуваме како комплетно невистинита и теорија на заговор.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција