Со измислено интервју се промовира препарат кој е претставен како лек

Во склоп на објавата се споделува фотографија за да се додаде на кредибилитет на невистинитата приказна – меѓутоа и фотографијата не е од измислената Ѓурѓа Блажевска. На фотографијата е Танзилја Бисембеева. Бисембеева беше сметана за најстарата личност во Русија. Таа почина на наводна возраст од 123 години во рускиот југозападен регион Астрахан во 2019 година според „Радио Слободна Европа.

Во склоп на објавата се споделува фотографија за да се додаде на кредибилитет на невистинитата приказна – меѓутоа и фотографијата не е од измислената Ѓурѓа Блажевска. На фотографијата е Танзилја Бисембеева. Бисембеева беше сметана за најстарата личност во Русија. Таа почина на наводна возраст од 123 години во рускиот југозападен регион Астрахан во 2019 година според Радио Слободна Европа

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Намалете го крвниот притисок за само 5 минути. Висок крвен притисок? Шум во ушите? Притисокот ќе стане 120/80, а крвните садови ќе се исчистат за 5 дена ако ги следите овие 3 правила…

Во склоп на објавата има линк кој води до фиктивна веб-страница, која иако наликува на информативен портал, е само „маска“ за да се привлечат граѓаните да поверуваат во невистинитата приказна која таму се прикажува: „Сакам да живеам до 150 години“ Позната Македонка стогодишничка раскажа како си го продолжува животот“.

Имено, самиот сајт има домејн со името „тајп шоп“ (https://typeshop.online), што укажува на продавница. Самата содржина во текстот е невистинита – не постои 100-годишна жена во Македонија по име Ѓурѓа Блажевска, ниту таа е регистрирана во македонска книга на рекорди, ниту пак таква книга постои.

Во склоп на објавата се споделува фотографија за да се додаде на кредибилитет на невистинитата приказна – меѓутоа и фотографијата не е од измислената Ѓурѓа Блажевска. На фотографијата е Танзилја Бисембеева. Бисембеева беше сметана за најстарата личност во Русија. Таа почина на наводна возраст од 123 години во рускиот југозападен регион Астрахан во 2019 година, според „Радио Слободна Европа.

Руските новински агенции ги цитираа роднините на Бисембејева и локалните власти, кои изјавија дека таа починала и била погребана на 26 октомври во нејзиното село, во близина на руската граница со Казахстан. Според официјалните документи, Бисембеева, која била од етничко казахстанско потекло, е родена на 14 март 1896 година. Зад себе таа остави тројца синови, 10 внуци, 13 правнуци, објави Радио Слободна Европа.

Во објавата, односно во фиктивниот текст кој е претставен како новинарска сторија, се наведуваат наводните навики на измисленото лице – Ѓурѓа Блажевска, поврзани со нејзиниот живот на село, како и наводната агилност. 

Целата приказна е измислена, вклучително и интервјуто кое никогаш не било направено. Но, во него се изнесуваат дезинформации со цел со помош на неетички и невистинит маркетинг да се претстават неверојатни перформанси на препарат за „чистење на крвните садови“.

Тврдењето наведено во измисленото интервју дека, според Светската здравствена организација (СЗО), кај 93 проценти од луѓето причината за развој на разни болести се „загадени крвни садови“ не е поткрепено со веродостојни научни докази. Терминот „загадени крвни садови“ не е стандардна медицинска дијагноза. Тој често се користи во реклами за таканаречено „чистење на крвните садови“, но не претставува научно прецизен опис на една единствена здравствена состојба.

Во интервјуто измислено е и постоење на ќерката на Ѓурѓа Блажевска, која наводно живее во Германија, и промовира препарат „сирку лајт“ за „чистење на крвните садови“. Во интервјуто е измислен и специјалист Стамен Георгиев, наводно фитотерапевт за кого не постојат никакви јавни или официјални податоци ни во Македонија ни во регионот.

Препаратот во објавата се претставува како „лек“, што е опасна пракса при невистинитото и неетичкото рекламирање, бидејќи со невистинити информации пациентите не можат да донесат информирани одлуки. Со оглед на тоа што производот се претставува како лек за хипертензија, ова исто така е особено опасно и неодговорно зашто голем број на граѓани страдаат од оваа состојба и би можеле да се откажат од конвенционалната медицинска терапија и да посегнат по препарат кој е рекламиран со невистинити факти меѓу кои и тој дека „Сирку лајт“ бил создаден од „ независен истражувачки центар“. 

Пациентите треба да се консултираат исклучиво со својот лекар и со својот специјалист кога третираат различни медицински состојби како хипертензија.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција