Со лажен доктор ендокринолог се рекламира наводно чудотворен лек за слабеење
Веб страница објавува интервју со наводниот изумител на волшебниот чај за слaбеење. Станува збор за извесен д-р Марко Петровски. Ваков доктор ендокринолог во Македонија не успеавме да најдеме на Гугл. Но, кога ја пребаравме неговата фотографија, најдовме дека докторот е Алексеј Ковалков, диетолог, кој има и негов блог. Инаку, овој доктор се појавува и во италијанска верзија на веб страницата која го рекламира наводниот лек за слабеење и таму е именуван како д-р Константино Грацијани
Веб страница објавува интервју со наводниот изумител на волшебниот чај за слaбеење. Станува збор за извесен д-р Марко Петровски. Ваков доктор ендокринолог во Македонија не успеавме да најдеме на Гугл. Но, кога ја пребаравме неговата фотографија, најдовме дека докторот е Алексеј Ковалков, диетолог, кој има и негов блог. Инаку, овој доктор се појавува и во италијанска верзија на веб страницата која го рекламира наводниот лек за слабеење и таму е именуван како д-р Константино Грацијани
Анализираме објава на Фејсбук која го открива „клучот за виткост“.
Вашата тежина е 90+? Секоја чест. Во моментов имате шанса да добиете 90% попуст на прозивод што ќе ве натера да тежи 50! Изберете подарок, стои во објавата.
Објавата всушност е реклама за наводен лек за слабеење.
Кога ќе стиснете на неа, таа ве води до посебна веб страница, каде можете да се информирате детално за „чудотворниот лек“.
На веб страницата има интервју со наводно пронаоѓачот на волшебниот чај за слaбеење.Станува збор за извесен д-р Марко Петровски.
Професорот Марко Петровски, член на Македонската асоцијација на ендокринолози, специјализиран за третман на сложени случаи на дебелина, раководи со Националниот научен медицински центар и е креатор на нов метод за слабеење кој помага да се ослабат до 15 килограми без диети и физички вежби, пишува на веб страницата.
Ваков доктор ендокринолог во Македонија не успеавме да најдеме на пребарувачот Гугл. Но, кога ја пребаравме неговата фотографија, најдовме дека докторот е Алексеј Ковалков, диетолог. Д-р Ковалков има и негов блог.
Инаку овој доктор се појавува и во италијанска верзија на веб страницата која го рекламира наводниот лек за слабеење и таму е именуван како д-р Константино Грацијани.
Страницата го рекламира чајот Аполос за слабеење, а кога овој чај ќе го побарате во Регистарот на лекови во Македонија, ќе видите дека таков лек не постои, односно не е регистриран за употреба.
Очигледно е дека станува збор за измама која има за цел да ги привлече граѓаните да остават лични податоци и да нарачаат од чајот кој се продава за „само “ 1.200 денари.
За да изгледа страницата поубедливо, се користат и фотографии од лица кои наводно го користеле чајот и ослабнале и за тоа ги пренесуваат своите сведоштва.
Таков е случајот на пример со приказната на некоја девојка која е именувана како Ана, но кога ќе ја побарате најзината фотографија на Гугл, ќе видите дека девојката е всушност Кристина и таа нема никаква врска ниту со чајот, ниту со докторот Петровски.
На крајот од лажното интервју се оставени и невистинити коментари за да симулираат „задоволни потрошувачи“.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина. Чајот не е никаков чудотворен лек за слабеење, за неговото рекламирање се злоупотребени доктори, измислени се ликови и се наведуваат невистинити факти, со цел да се намамат граѓаните да го купат.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар