Со монтирано видео се тврди дека ковид пандемијата била испланирана
Наспроти изнесеното во објавата што ја рецензираме, ковид пандемијата не била планирана, но вакциналниот процес којшто го спроведоа сојузните држави во САД, вклучително и Илиноис, секако дека мораше да биде планиран од аспект на логистика, кадар, набавка на вакцините, нивна администрација итн. Токму за ова се зборува во видеото од објавата што ја рецензираме. Вакцините против ковид-19 не се „злосторство против човештвото“ туку механизам со чија помош беа спасени милиони животи ширум светот
Наспроти изнесеното во објавата што ја рецензираме, ковид пандемијата не била планирана, но вакциналниот процес којшто го спроведоа сојузните држави во САД, вклучително и Илиноис, секако дека мораше да биде планиран од аспект на логистика, кадар, набавка на вакцините, нивна администрација итн. Токму за ова се зборува во видеото од објавата што ја рецензираме. Вакцините против ковид-19 не се „злосторство против човештвото“ туку механизам со чија помош беа спасени милиони животи ширум светот
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видеоматеријал на кој повеќе политичари, зборуваат за вакцината против ковид-19.
Почетните секвенци од видеото се однесуваат на периодот пред да биде развиена вакцината против ковид-19. Така материјалот почнува со говор од Џастин Трудо од 2020 година со секвенцата дека „ова ќе биде новото нормално додека да се развие вакцина“. Но, видеото се состои од повеќе други кратки делови, без да се види целокупниот контекст ниту датуми кога се снимени. Политичарите зборуваат дека „треба да се развие вакцина и да се дистрибуира во сите делови од светот“ (Урсула фон дер Лајен) во видеото. Претставен е и претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган како изјавува дека „се обврзавме да обезбедиме финансиски средства за брз развој на вакцината“. Тогашната канцеларка Ангела Меркел зборува за ГАВИ (вакциналната алијанса чија цел е да осигури ширење на посилен здравствен систем). Во склоп на објавата пишува:
„Веќе ги купивме шприцевите… веќе знаеме каде ќе се случи… сето тоа е дел од планот…“ СИ БИЛО ПЛАНИРАНО. Злосторства против човештвото. Треба АПСЕЊА. ДЕНЕС.
Но, видеото е извадено од контекст и во оригиналниот говор не се зборува за тоа дека ковид пандемијата била „планирана“.
Во самото видео од 33 секунда се гледа дека цитатот „веќе ги купивме иглите, веќе знаеме каде ќе се случи, размислуваме како ќе биде, сѐ е дел од планот“ го кажува говорничка која стои пред говорница на која има лого од градот Чикаго. Со обратно пребарување на фотографијата „Вистиномер“ пронајде дека се работи за поранешниот комесар на одделот за јавно здравје во Чикаго, доктор Алисон Арвади, која подоцна се вработила во Центарот за контрола на болести на САД. Таа работи во Центарот за контрола и превенција на болести од 1 јануари 2024 година, значи дека овој видеоматеријал е постар од тој датум.
Со понатамошно пребарување ја пронајдовме прес-конференцијата од којашто има видеоисечок во објавата што ја рецензираме. Станува збор за изјава на докторката Алисон Арвади од 24 април 2020 година.
За време на таа прес-конференција во април 2020, комесарката на Одделот за јавно здравје во Чикаго, Алисон Арвади коментирала за кампањата за масовна вакцинација во Чикаго. Таа на конференцијата тврди дека Чикаго има дефинитивен план, работи на одбирање на локациите за вакцинирање на јавноста и веќе се набавени шприцови. Вакцинацијата почна истата 2020 година, ама во декември. Тоа може да се види од соопштението издадено една година подоцна. Значи докторката во видеото зборува за подготовките за вакцинација против ковид-19 и планирањето околу логистиката за вакцинацијата против ковид во Илиноис.
И тогаш конечно ќе се движиме кон оваа масовна кампања за вакцинација, којашто следува и сакам да знаете дека одделот за јавно здравје на Чикаго е длабоко навлезен во фазите на планирање за вакцинацијата. Веќе ги купивме иглите. Веќе знаеме каде ќе се одвива (вакцинацијата н.з.). Размислуваме кои да бидат. Сето тоа е дел од планот, вели таа.
Во објавата што ја рецензираме се пропушта контекстот кога се тврди дека „се било планирано“. Од почетокот на ковид пандемијата, а особено од вакциналната кампања која стави крај на пандемијата со коронавирусот и со чија помош беа спасени милиони животи ширум светот и помогна да се достигне колективниот имунитет на граѓаните, се ширеа и теориите на заговор дека „сѐ било планирано“. Приврзаниците на оваа теорија на заговор пандемијата ја нарекуваа „пландемија“, ширејќи дезинформации за некаков заговор против човештвото. Наспроти изнесеното во објавата што ја рецензираме, ковид пандемијата не била планирана, но вакциналниот процес којшто го спроведоа државите, вклучително и Илиноис, секако дека мораше да биде планиран од аспект на логистика, кадар, набавка на вакцините, нивна администрација итн. Токму за ова се зборува во видеото од објавата што ја рецензираме. Вакцините против ковид-19 не се „злосторство против човештвото“, туку механизам со чија помош беа спасени милиони животи ширум светот.
Поради сите горенаведени факти оценуваме дека во објавата што ја рецензираме се пропушта контекстот.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар