Со поигрувања на етничката карта, се напаѓа ДУИ

Пишува: Шефкије Аласани

Рецензираме вест објавена на порталот „Арена“ на  09.07.2020 со наслов: Трубат за законот за албанскиот јазик, но функционерите на ДУИ не го кријат копнежот по македонскиот јазик.  Насловот на овој напис е субјективен и тенденциозен и се коси со еден од основните принципи на новинарството, кој вели:

Новинарите имаат улога да пренесуваат информации, идеи и мислења и право да коментираат. Почитувајќи ги етичките вредности и професионалните стандарди во пренесувањето на информациите, новинарите ќе бидат чесни, објективни и точни.

Написот се состои од еден пасус со 4-5 реченици во кои е коментиран еден Фејсбук статус, преземен од Фејсбук профилот на симпатизер на ДУИ. Врз основа на еден статус од социјална мрежа, се доаѓа до заклучок дека ,,ДУИ што од почеток на предизборната кампања започнала со популистичка реторика фалејќи се за законот за јазиците и ветувајќи премиер Албанец, не успеала да ја сокрие сервилноста кон Македонците и македонскиот јазик”.

Тоа што некој го напишал на неговиот профил на Фејсбук не е вест и не е од јавен интерес, особено кога поттикнува етнички поделби. Преку играње со картата на национализмот, се прави обид да се дискредитира учесник во изборната трка. Нема ништо спорно во тоа политичка партија да го употребува официјалниот јазик на државата, да истакнува македонски симболи, доколку сака, но тоа во овој напис не само што се проблематизира, туку и се користи како основа за напад кон ДУИ. Навивачкиот тон не е скриен.

Овој напис се коси со неколку новинарски правила и принципи, како член 11, 13, 14, 16 од Етичкиот Кодекс на новинарите.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.