Со Преспанскиот договор не се смени националноста на Македонците
Согласно Преспанскиот договор, државјанството на Македонците е „македонско/граѓани на Северна Македонија“. Што се однесува до националноста, таа е Македонец/Македонка и тоа е загарантирано со Преспанскиот договор, односно загарантиран е македонскиот идентитет
Согласно Преспанскиот договор, државјанството на Македонците е „македонско/граѓани на Северна Македонија“. Што се однесува до националноста, таа е Македонец/Македонка и тоа е загарантирано со Преспанскиот договор, односно загарантиран е македонскиот идентитет
Анализираме објава на Фејсбук која вели:
U vreme na SFRJ :
DRZAVJANSTVO ….. SFRJ
NACIONALNOST ……MAKEDONEC
U VREME NA ZAEV ;
DRZAVJANSTVO ……MAKEDONSKO
NACIONALNOST : …..GRAGANIN NA R EPUBLIKA SEVERNA MAKEDONIJA
Не е точно дека националноста во време на Зоран Заев (со потпишувањето на Преспанскиот договор) станала „Граѓанин на Република Северна Македонија“, како што се тврди во објавата.
Манипулации и шпекулации дека македонскиот јазик и идентитет се загрозени почнаа да се споделуваат на социјалните мрежи откако беше потпишан Договорот од Преспа со кој се реши долгогодишниот проблем со Грција околу уставното име на нашата држава.
Договорот беше потпишан од министрите за надворешни работи на Грција и Македонија, Никос Коѕијас и Никола Димитров, и посредникот на ООН за спорот за името на Македонија, Метју Нимиц, на 17 јуни 2018 година во селото Нивици, Егејска Македонија, на Преспанското Езеро.
Согласно Преспанскиот договор, државјанството на Македонците е „македонско/граѓани на Северна Македонија“.
Во Договорот од Преспа јасно е наведено уште на самиот почеток од договорот во членот 1, став 3 б, како ќе гласи државјанството.
б) Државјанството на Втората страна ќе биде македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, како што ќе биде заведено во сите патни документи.
Значи, државјанството е македонско/граѓани на Северна Македонија.
Што се однесува до националноста, таа е Македонец/Македонка и тоа е загарантирано со Преспанскиот договор, односно загарантиран е македонскиот идентитет.
Со Преспанскиот договор не се сменети македонскиот идентитет и македонскиот јазик.
Дека е тоа така може да се види ако се погледне содржината на Договорот кој беше ратификуван и во Собранието. Во овој документ, нема ниту една одредба со која се загрозуваат македонскиот идентитет и македонската посебност, ниту, пак, се бришат термините „Македонија“ и „македонски“.
Со членот 7 (став 3) од Договорот се гарантира македонскиот идентитет и правото да се определуваме како Македонци. Во однос на Втората страна, овие термини („Македонија“ и „македонски“ , н.з.) ја означуваат нејзината територија, јазик, народ и нивните одлики, со нивната сопствена историја, култура, и наследство, кои се особено различни од оние кои се наведени во член 7, став (2). Согласно Договорот од Преспа термините: Македонец, македонска, македонски, се трајно заштитени и никој повеќе нема да може да ги негира или оспорува, анализираше „Вистиномер“ пред 5 години.
Согласно Договорот од Преспа термините: Македонец, македонска, македонски, се трајно заштитени и никој повеќе нема да може да ги негира или оспорува.
Поради сето погоре, можеме да заклучиме дека објавата која ја анализираме е невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар