Со стара фотографија од пожар во Бања Лука се манипулираат граѓаните

„Вистиномер“ ја пронајде фотографијата којашто е злоупотребена во конкретната ситуација. Станува збор за фотографија што ја има објавено „Блиц“ на 23 август 2021 година а од описот на фотографијата се гледа дека е од пожар во Бања Лука/Лазарево

„Вистиномер“ ја пронајде фотографијата којашто е злоупотребена во конкретната ситуација. Станува збор за фотографија што ја има објавено „Блиц“ на 23 август 2021 година, а од описот на фотографијата се гледа дека е од пожар во населбата Лазарево во Бања Лука

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Се запали студентски дом: Повредени повеќе од десет лица – Итни услуги на терен (ВИДЕО) – Повеќе во Коментар…. #Macedonia #fyp #ceca #balkanija #balkan #srbija #zagreb #igordzambazov #toseproeski #acalukas #fyp #balkan

Во склоп на објавата има и фотографија од густ црн чад и пламени јазици во близина на огнот, а се гледаат и противпожарни возила. Но, кога ќе се пристапи до линкот во коментарот, тој воопшто не води кон објава за запален студентски дом. Станува збор за кликбејт манипулативна објава чија цел е да се наведе читателот да кликне на содржината за да се предизвика поголемо ниво на сообраќај на страницата.

„Вистиномер“ ја откри фотографијата којашто е користена во конкретната ситуација. Станува збор за фотографија што ја има објавено „Блиц“ на 23 август 2021 година. Во описот на фотографијата се гледа дека е од пожар во бањалучката населба Лазарево.

Во вчерашниот пожар кој се случи во населбата Лазарево, повредено е едно куче. За среќа, пожарникарите го забележале и веднаш му е пружена прва помош. Потсетуваме дека вчера околу 15 часот се активираше пожар во склад со секундарни суровини во бањалучката населба Лазарево. Припадниците на Противпожарната бригада на Бања Лука со поддршка на Хеликоптерскиот сервис на Република Српска и припадници на Министерството за внатрешни работи на Република Српска, успешно се изборија со пожарот, пишува во текстот од „Блиц“ во кој е оригинално објавена фотографијата споделена во објавата што ја рецензираме. 

 

Во линкот на Блиц во долниот дел има и видеоматеријал од пожарот, тој не се случил во студентски дом туку во депонија за пластикаВо настанот еден пожарникар бил лесно повреден, а по укажаната помош тој продолжил да работи.

Кликбејт содржините најчесто се наслови со фотографии што привлекуваат внимание, често користат претерување и шокантни фрази за да се натера читателот да ја отвори понудената приказна или видео. Кликбејтот често води до дезинформации и содржина што не го исполнува ветеното.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција