Со стара фотографија се шири дезинформација за сквернавење на споменикот на децата бегалци

Фото: Принтскрин ФБ пост

Постот што го рецензираме, а кој се повикува на Фејсбук објава на Тодор Петров, ја дезинформира јавноста преку лажна, односно стара фотографија. Доколку отидете на Фејсбук профилот на Петров, ќе видите дека еден ден откако тој реагирал за контејнерите и „сквернавењето на споменикот“, потоа објавил фотографии дека контејнерите со ѓубре биле отстранети. Но, доколку ги погледнете убаво двете фотографии, ќе забележите дека плочникот пред споменикот не е ист. Плочникот на фотографијата на која се гледаат контејнерите е оној од пред да се реновира Кејот, односно тој е бел. На фотографиите каде што контејнерите се тргнати од пред споменикот, плочникот е црвен

Постот што го рецензираме, а кој се повикува на Фејсбук објава на Тодор Петров, ја дезинформира јавноста преку стара фотографија. Доколку отидете на Фејсбук профилот на Петров, ќе видите дека еден ден откако тој реагирал за контејнерите и „сквернавењето на споменикот“, потоа објавил фотографии дека контејнерите со ѓубре биле отстранети. Но, доколку ги погледнете убаво двете фотографии, ќе забележите дека плочникот пред споменикот не е ист. Плочникот на фотографијата на која се гледаат контејнерите е оној од пред да се реновира Кејот, односно тој е бел. На фотографиите каде што контејнерите се тргнати од пред споменикот, плочникот е црвен

 

 

Пост на Фејсбук шири дезинформации дека се сквернавел споменикот за насилно прогонетите 28.000 деца на возраст од 2 до 14 години од Егејскиот дел на Македонија, кој е поставен на Кејот „13 Ноември“ покрај Вардар во близина на хотелот „Холидеј ин“. Според постот, до споменикот биле поставени контејнери со смет. Нашата проверка покажа дека станува збор за дезинформација.

Постот споделува и напис со наслов „СКВЕРНАВЕЊЕ ВО СКОПЈЕ: Контејнери со смет до споменикот за насилно прогонети 28.000 деца од 2 до 14 години од Егејскиот дел на Македонија“.

Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија – МАКЕДОН (Сојузот МАКЕДОН) и Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро ја осудуваат неодговорноста на градоначалникот на градот Скопје и градоначалникот на општина Центар, кои поставиле контејнери за ѓубре пред Споменикот на насилно прогонетите деца од Егејскиот дел на Македонија за време на Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година, кој се наоѓа до хотелот “Холидеј Инн“ на Кејот на реката Вардар!. Ова се истакнува во реакцијата за сквернавењето на споменикот во Скопје, што ја објави претседателот на СМК, Тодор Петров на официјалниот профил на Фејсбук, се вели во написот.

Во текстот е објавена фејсбук реакцијата на Тодор Петров, претседател на СМК кој е придружен со фотографии од споменикот пред кој се гледаат поставени контејнери за смет.

Но, доколку отидете на фејсбук профилот на Петров, ќе видите дека еден ден откако Петров реагирал за контејнерите и „сквернавењето на споменикот“, потоа објавил фотографии со кои им посочува на своите следбеници на Фејсбук дека биле отстранети контејнерите со ѓубре.

Но, фотографијата со контејнерите и онаа без контејнерите, открива дека станува збор за дезинформација. Доколку ги погледнете убаво двете фотографии, ќе забележите дека плочникот пред споменикот не е ист. Односно, плочникот на фотографијата на која се гледаат контејнерите е оној од пред да се реновира Кејот, односно тој е бел. На фотографиите каде што контејнерите се тргнати од пред споменикот, плочникот е црвен. Невозможно е за еден ден да биде променет плочникот на Кејот.

Град Скопје, кога почна со реконструкција на Кејот (во април годинава), соопшти дека тој ќе добие сосема нов изглед и дека ќе добие нови плочки во нијанса на црвена боја.

Од сето ова можеме да заклучиме дека постот што го рецензираме ја дезинформира јавноста преку стара фотографија. Оттука постот го означуваме како невистинит.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција