Со стари вести и наводни предвидувања се шири паника за силен земјотрес во Турција
Написот споделен во објавата е стар една година, и ако предвидувањето на професорот навистина било дадено тогаш, можеме да видиме дека истото не се остварило, бидејќи Истанбул оттогаш досега не го погодил земјотрес од 9 степени според Рихтер. Објавата очигледно има за цел да привлече што е можно повеќе кликови. На следбениците им сервира стара вест како нова, и тоа ја најавува бомбастично за да предизвика паника и секако што е можно повеќе кликови
Написот споделен во објавата е стар една година, и ако предвидувањето на професорот навистина било дадено тогаш, можеме да видиме дека истото не се остварило, бидејќи Истанбул оттогаш досега не го погодил земјотрес од 9 степени според Рихтер. Објавата очигледно има за цел да привлече што е можно повеќе кликови. На следбениците им сервира стара вест како нова, и тоа ја најавува бомбастично за да предизвика паника и секако што е можно повеќе кликови
Анализираме објава на Фејсбук која бомбастично најавува дека доаѓа земјотрес од 9 степени по Ритер.
Кошмарно предвидување на познат професор. Доаѓа земјотрес од 9 СТЕПЕНИ ПО РИХТЕР – најверојатно во овој град, стои во објавата.
Објавата споделува напис кој кога ќе го отворите, ќе видите дека станува збор за текст стар една година, од декември 2023 година. Но, тој е пласиран како нешто ново и актуелно.
Кошмарни се предвидувањата на познатиот турски професор по сеизмологија Наџи Горур, кој оценува дека големиот земјотрес, од кој сите се плашат, е „исклучително веројатно да се случи во Истанбул“ и дека неговиот интензитет „може да достигне дури 9 степени на Рихтеровата скала“, стои на почетокот од написот.
Турција, на почетокот на февруари 2023 година, ја погоди разорен земјотрес од 7,8 степени по Рихтерова скала кој остави 1,2 милиони луѓе без покрив над главата.
По земјотресот се појавија редица дезинформации кои Вистиномер ги дебанкираше.
Како што Вистиномер веќе пишуваше, Турција се наоѓа на жариште за земјотреси. Поголемиот дел од Турција се наоѓа на анадолската плоча, сместена меѓу две големи платформи, евроазиската и африканската, и трета помала плоча, арапската. Ова предизвикува повеќе раседи да поминат низ земјата, со што се можни големи потреси.
Три тектонски плочи, арапската, анадолската и африканската плоча се среќаваат во овој регион и како што се лизгаат и се притискаат една со друга, создаваат триење и стрес што се ослободува како земјотреси, објасни Јареб Алтавел, сеизмолог во Националниот Информативен центар за земјотреси во Колорадо.
Во написот споделен во објавата (објавен во декември 2023 година, 10 месеци по силниот земјотрес во Турицја), не е прецизирано на што точно мислел професорот по сеизмологија, дали навистина предвидел дека ќе има земјотрес од 9 степени, или пак, зборувал за можноста што би се случило доколку има такво нешто. Не е понуден никаков линк од изјавите на професорот.
Земјотресите не можат да се предвидат. Ако тоа беше можно, тогаш ќе постоеше превенција од нив и немаше низ историјата да страдаат луѓе од овој природен феномен.
Некои велат дека можат да предвидат земјотреси, но, еве кои се причините зошто нивните изјави се лажни, како што вели Геолошкиот преглед на САД:
- Тие не се засноваат на научни докази, а земјотресите се дел од научен процес. На пример, земјотресите немаат никаква врска со облаци, телесни болки и слично.
- Тие не ги дефинираат сите три елементи потребни за предвидување.
- Нивните предвидувања се толку општи што секогаш ќе има некаков земјотрес што одговара на нивните „предвидувања“; како што е: (а) Ќе има земјотрес М4 некаде во САД во следните 30 дена. (б) Денеска ќе има земјотрес М2 на западниот брег на САД.
Написот е стар една година и ако предвидувањето на професорот навистина било дадено тогаш, можеме да видиме дека истото не се остварило, бидејќи Истанбул оттогаш досега не го погодил земјотрес од 9 степени според Рихтер. Објавата очигледно има за цел да привлече што е можно повеќе кликови. На следбениците им сервира стара вест како нова, и тоа ја најавува бомбастично за да предизвика паника и секако што е можно повеќе кликови. Поради сето погоре, објавата ја оценуваме како недостиг на контекст.
Дали земјотрес ќе има во Истанбул или не, никој не може да знае. И затоа оваа објава не може да се оцени како невистинита зашто претставува предвидување. Но, од друга страна, она што го знаеме тоа е дека земјотресите не можам да се предвидат, што значи дека веста е манипулативна, што, пак, значи дека и недостига контекст зашто вака како што е напишана таа ги наведува корисниците да помислат дека предвидувањата на земјотреси се можни. Но, реалноста е дека дури и да се случи земјотрес во Истанбул, тоа нема врска со било чии предвидувања, зашто појава како земјотрес едноставно е непредвидлива.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар