Сокол Митровски

 

Сокол Митровски е сегашен градоначалник на општина Ѓорче Петров од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој е пензионирано воено лице.

 

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Сокол Митровски е роден во скопското село Кучково на 16 март 1948 година. Потекнува од рударско семејство. Тој е оженет и татко на две полнолетни деца, а дедо на четири внуци. Негово хоби е ловот.

 

ОБРАЗОВАНИЕ

По завршување на гимназијата „Кочо Рацин“ во Скопје, школувањето го продолжува на Воената академија во Белград, а потоа заминал на воен колеџ во Париз.

 

КАРИЕРА

Имал успешна воена, дипломатска и политичка кариера. Денес е генерал во пензија. Тој е еден од основачите на Факултетот за одбрана во Скопје, како и долгогодишен професор на Воената академија.

 

ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА

Сокол Митровски е сегашен градоначалник на општина Ѓорче Петров од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Бил член на Кабинетот и аѓутант на поранешниот претседател Киро Глигоров и на починатиот претседател Борис Трајковски. Во својата богата кариера бил воен аташе во Париз и во Софија.

Три пати едноподруго го освојува градоначалничкиот мандат во општината Ѓорче Петров. Во 2005 година победил како независен кандидат, додека на локалните избори 2009 бил кандидат на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. На локалните избори 2013 победил со тесна разлика пред против-кандидатот Александар Наумовски, по прегласувањето во две избирачки мести. Неговата победа беше оспорувана од опозициската СДСМ, а против него беше поднесена и тужба до Управниот суд за изборни нерегуларности.

 

ИЗВОРИ

Веб-сајт на Сокол Митровски – Биографија

Википедија – Сокол Митровски

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија (BTD – The Balkan Trust for Democracy), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, NED или BTD.

Оставете реакција