Општина Ѓорче Петров не ги заврши сите детални урбанистички планови
Ветување: Изработка на ДУП за сите МЗ и УЗ. (Рок 2013-2016 година)
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски, кој на оваа функција го завршува третиот мандат во својата програма за локалните избори во 2013 година, под графата Приоритетни активности на стр.11, вети дека до крајот на 2016 година Општината ќе успее да ги донесе сите детални урбанистички планови (ДУП) за сите месни заедници и урбани заедници. Проверката на „Вистиномер“ покажа дека ова негово изборно ветување е делумно исполнето.
На официјалната веб – страница на Општина Ѓорче Петров, која како што може да се забележи е редовно ажурирана, постои секција урбанистички планови, каде што може да се изврши детален увид во четири категории – донесени ДУП-ови, оние кои се во постапка и планирани, како и усвоени урбанистички планови.
Последното ажурирање на секцијата Урбанизам на сајтот на Општината е извршено на 8-ми мај 2017г., што ни ја дава гаранцијата дека информациите се точни и навремени, впрочем како што обврзува и Законот.
Проверката на оваа страница покажува дека кај градските четврти има најмногу усвоени дупови, но има, на пример, има и за с. Кучково, со период 2012-2022 година.
Во другите оддели прецизно се набројани оние кои останале за доработка, а на пример, се почнати уште 2005-година, како што се оние наведени во делот ДУП-ови во постапка, каде има наведено 6 ДУП-ови, кои се планирани уште од 2005 г.
Исто така, со преглед на сајтот може да се види дека кога Митровски го дал ветувањето веќе имало завршено и усвоено 54 детални урбанистички планови, со пресек на време од 1.12.2013 година. Можеби и оттука цврсто даденото ветување дека до 2016 г. ќе ги донесат сите, во што според прегледот не се успеало.
Бидејќи, Митровски,сепак, има доста сработено околу реализацијата на ова ветување, истото го оценуваме како „делумно исполнето“.
ИЗВОРИ:
- (2013) ВМРО-ДПМНЕ – Предизборна програма -кандидат Сокол Митровски (стр.11)- [Проверено на 18.05.2017]
- (2017) Општина Ѓорче Петров – Веб сајт/Урбанизам – [Проверено на 18.05.2017]
Оценил: Тео Блажевски
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар