Отворена нова градинка во Дексион

Фото: Официјален Фејсбук профил на ексминистерот Диме Спасов

 

Изградба на детска градинка во населба Дексион во соработка со Владата на РМ и со Министерството за труд и социјална политика.  (Вредноста на из-градбата на новата детска градинка изнесува околу 1,5 милион евра; Рок: декември 2016 година)

 

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Новата градинка во населбата Дексион е пуштена во употреба во октомври 2016 година. Ова е  исполнето ветување на  градоначалникот  на Општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски, кое тој го  вети  во  Изборната програма (2013-2017) ) „Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра Општина Ѓорче Петров“ (Социјална заштита, стр. 55).

Во септември 2015 година медиумите информираа дека започнаа градежните работи за адаптирање и преуредување на дел од ООУ  „Ѓорче Петров“  во детска градинка. Тогаш беше соопштено дека  едно крило од училиштето ќе биде пренаменето  во детска градинка .

Старата градинка во населбата Дексион, клонот „Кокиче“, функционира во стари бараки изградени во далечната 1964 година и задоволуваат минимум услови за нормално функционирање.
Со адаптацијата на училишната зграда ќе се придонесе за зголемување на капацитетот на градинката, која сега има 105 деца, а со адаптирањето ќе има простор за прием на уште 50 дечиња. Целосно ќе бидат преуредени 4 занимални со корисна површина од 60м2, две јасли со 30м2 корисна површина , 3 нови санитарни јазли, чајна кујна, административен простор, и други пропратни простории. Вкупната површина на просторот изнесува 613 м2. 

Во ноември 2015 година  медиумите информираа дека  тогашниот министер за труд и социјална политика Диме Спасов и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров Сокол Митровски,  извршиле увид  во градежните активности за адаптација, реконструкција и опремување простор во рамки на училиштето „Ѓорче Петров“ во населбата Дексион, наменет за детска градинка со капаците за згрижување 150 деца од предучилишна возраст. Тогаш беше кажано дека градежните работи се во тек и се очекува  најдоцна во март наредната година (2016),  да започне со работа новата современа детска градинка.

Новата градинка  беше официјално  пуштена во употреба на петти октомври 2016 година, но иако, првично беше најавено дека ќе згрижува 150 деца,  сепак,  како што беше соопштено,  таа  има капацитет за 120 дечиња. Во истата информација беше пренесена и изјава на градоначалникот Митровски во која, меѓу другото,  вели:

Општината изнајде решение со промена и комплетна адаптација на дел неискористен простор во основното училиште „Ѓорче Петров“ да ја зголеми сигурноста, да го осовремени просторот за згрижување на децата, но и да го прошири и зголеми капацитетот за згрижување на деца. (Митровски)

Оваа градинка се спомнува меѓу реализираните проекти  и  во Отчетот на градоначалникот Митровски за минатата година (2016).

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција