Соња Стаменкова

Соња Стаменкова e градоначалник на Oпштина Македонска Каменица

 

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Соња Стаменкова  е родена на 11 февруари 1968 година во село Саса во рударско семејство.

 

ОБРАЗОВАНИЕ

Основното училиште до четврто одделение го завршила во месното подрачно училиште „Гоце Делчев“, а потоа продолжила во централното ОУ „Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица. Своето образование го продолжила  во средното училиште „Методија Митевски Брицо“ (насока биологија и хемија) во Македонска Каменица, а во периодот од 1984 до 1986 година учела во средното медицинско училиште „Вељко Влаховиќ“ (денес преименувано во „Јане Сандански“) во Штип. Во 2009  се запишала  на Факултетот за општа психологија на Меѓународниот славјански универзитет во Свети Николе, каде што дипломирала во 2012 година.

 

КАРИЕРА

Од 1987 до 2006 година работела во јавната здравствена установа „Гоце Делчев“ во Македонска Каменица.

Од 2006 до 2017 година работела како медицинска сестра во приватната здравствена установа „Др. Драги Фамили Медика“ во Македонска Каменица.

На локалните избори кои се одржаа на 15 октомври 2017 година  стана градоначалничка на Општина Македонска Каменица.

 

ИЗВОР:

Википедија: Соња Стаменкова

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција