Спасовски не излажал кога кажал дека кодовите на земјата остануваат да бидат МК и МКД

ISO кодовите за Македонија и понатаму се МК и МКД, што е лесно проверливо и ништо не е променето. Тоа е пропишано и со Преспанскиот договор во членот 1 став д. Во истиот член, исто така, се наведува дека ознаката само за регистарските таблички ќе биде НМК, но јасно се нагласува дека за сите други намени кодовите остануваат МК и МКД

ISO кодовите за Македонија и понатаму се МК и МКД, што е лесно проверливо и ништо не е променето. Тоа е пропишано и со Преспанскиот договор во членот 1, став д. Во истиот член се наведува и дека ознаката само за регистарските таблички ќе биде НМК, но јасно се нагласува дека за сите други намени кодовите остануваат МК и МКД

 

Пост на Фејсбук, навредувајќи го министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, тврди дека тој лажел кога кажал дека меѓународните кодови на земјата со потпишувањето на Преспанскиот договор, остануваат да бидат МК и МКД. Притоа, тврдењето во постот се заснова на тоа што регистарските таблички на возилата, согласно договорот, од 2024 година ќе имаат ознака НМК.

Обиџуко лаже ко циган, спие на таван и има вошки.
Ќумез не ти бега, жими Рамче…, стои во објавата која ја анализираме.
Но, тврдењата во постот се лажни и манипулативни. Имено, министерот Спасовски не излажал кога кажал дека кодовите на земјата остануваат МК и МКД. Вистиномер веќе има пишувано за вакви слични манипулации кои ги шират противниците на Преспанскиот договор со кој се реши повеќедецинскиот спор со Грција околу името на Македонија.

ISO кодовите за Македонија и понатаму се МК и МКД, што е лесно проверливо и ништо не е променето. Тоа е пропишано и со Преспанскиот договор во членот 1 став д. Во истиот член, исто така, се наведува дека ознаката само за регистраските таблички ќе биде НМК, но јасно се нагласува дека за сите други намени кодовите остануваат МК и МКД.

д) Кодот за земјата на регистарските таблички на возилата на Втората страна ќе биде НМ или НМК. За сите други намени, кодот на земјата останува да биде МК и МКД, како што е официјално определено од Меѓународната организација на стандардизација (ИСО).

Оттука, не може да се каже дека министерот Спасовски излажал кога кажал дека кодовите на земјата останува да бидат МК и МКД.

Очигледно е дека постот има за цел да манипулира со следбениците на социјалните мрежи. Поради тоа, објавата ја оценуваме како невистинита.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција