Спиро Ристовски
Спиро Ристовски е заменик-министер за образование на Република Македонија.
ПРИВАТЕН ЖИВОТ
Роден е на 6 јули 1981 година во Скопје.
ОБРАЗОВАНИЕ
2005 – Дипломиран правник, Факултетот за правни студии „Јустинијан Први“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.
ПРОФЕСИОНАЛНО ИСКУСТВО
2005-2006 – Правник во приватен сектор.
ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА
29 мај 2013 – 2014 – Министер за образование и наука.
2011 – 2013 – Министер за труд и социјална политика.
2008 – 2011 – Заменик-министер за труд и социјална политика.
2007-2008 – Заменик-директор на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување-МАПАС.
Бомбите
Името на Спиро Ристески остана забележано во прислушкуваните разговори како еден од коодинаторите за изборните активности и нерегуларности. Исто така Ристоски беше поврзан преку „бомбите“ со злоупотреба на службената положба од позиција на висок функционер од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар