„Sport vision“ не нуди најк патики за 125 денари!
Купот објави што ги анализираме нудат лажни попусти за најк патики и имаат за цел да ги измамат корисниците на социјалните мрежи и да ги извлечат нивните лични податоци, за потоа истите да ги злоупотребуваат
Купот објави што ги анализираме нудат лажни попусти за патики најк и имаат за цел да ги измамат корисниците на социјалните мрежи и да ги извлечат нивните лични податоци, за потоа истите да ги злоупотребуваат
На социјалната мрежа Фејсбук се шират објави за лажни попусти на патики, наводно од ланецот продавници за спортска опрема „Sport Vision“. Објавите тука, тука, тука, тука, тука ги измамуваат корисниците на Фејсбук дека ќе добијат Најк патики за само 125 денари . Ова не е вистина.
Во чест на отворањето на нашата онлајн продавница, подаруваме 100 подарочни кутии Nike Air Force за само 125 MKD. Кликнете на оваа врска и одговорете на неколку прашања за да го добиете вашиот подарок
За да ги намами своите жртви, објавата што ја рецензираме тврди дека познатата продавница Sport Vision нуди најк патики за само 125 денари. Притоа, објавата е придружена со фотошопирана фотографија на која се прикажани неколку различни најк патики изложени во продавница. Со црвени бројки е напишано дека цената на овие чевли е 125 денари. Нудат огромен, но лажен попуст!
Лажната наградна игра, ги наведува корисниците на социјалните мрежи, за да може да учествуваат, да клинкат на копчето „Order now“ кое пренасочува на друга веб-страница. Овие насочени реклами за измама обично имаат за цел да го натераат корисникот да се регистрира за нешто и бара од корисниците информации за кредитна или дебитна картичка за да ја завршат акцијата.
Кога ќе се отвори веб-страницата се појавува цената од 125 денари за која се тврди дека е намалување од 6.775 денари како и лажна наведувачка порака, каде потоа се бара корисникот да пополни прашалник чии прашања се и граматички неточно напишани.
Можете да ги купите Nike Air Force за само 125,00 MKD!
За да го купите Nike Air Force, треба да одговорите на неколку прашања за да докажете дека сте реална личност. Бројот на производи по акциска цена е ограничен!
Првото прашање од тестот е „Дали некогаш сте купувале/и на Sport Vision?“, второто прашање е „За кого би сакалае да ги купите овие патики?“ и третото прашање е „Дали би го препорачале нашата продавница на вашите пријатели?“. Откако ќе се одговорат сите три прашања се појавува втор тест на којшто треба да се отвораат затворени кутии. Откако ќе кликнете на кутија во којашто ќе се појават патики ви се појавува информација дека треба да пополните формулар и да ја платите вашата нарачка. Никако не оставајте какви било лични информации затоа што ова е измама!
На веб-страницата наведени се низа лажни коментари од профили кои се обидуваат да ги легитимизираат чудните понуди. Па така наводна Јана искоментирала „Тоа беше љубов на прв поглед. Нажалост, мојата големина веднаш се распродаде, но благодарение на известувањата кои ги поставив, веднаш бев известен кога обувките беа достапни и успеав да ги купам“, а Марија напишала „Удобни, со прекрасен изглед, совршеното прилагодување, многу бои кои прават изборот тешко“.
Објавата е споделена од лажна Фејсбук страница во која се злоупотребува името, брендот и логото на продавницата за спортска опрема „Sport Vision“. Ова е евидентно од самиот фонт со кој е испишано името на страницата, но и од тоа што станува збор за нова страница, со само 624 следбеници, мал број на објави на неа и тоа сите се сомнителни, односно ја промовираат лажната наградна игра.
Од друга страна пак, официјалната страница на Фејсбук на Sport Vision брои над 220 илјади следбеници и има сосема поразлична комуникација со клиентите на начин што се промовираат реални понуди, со цени и линкови кои водат кон официјалната веб-страница на брендот.
Очигледно е дека објавите што ја анализираме имаат за цел да ги измамат следбениците на социјалните мрежи и да ги извлечат нивните лични податоци за потоа истите да ги злоупотребат.
Според сето ова, постот што го анализираме го оценуваме како невистинит.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар