„Спорт вижн“ не продава ранец од брендот „North face“ за 145 денари

На официјалната Фејсбук страница на „Спорт вижн“, која има 225 илјади следбеници, никаде не најдовме понуда на ваков ранец за 145 денари. Ранец од брендот „North face“ може да се најде на официјалната веб-страница на „Спорт вижн“, но по цена од 5.590 денари.

На официјалната Фејсбук страница на „Спорт вижн“, која има 225 илјади следбеници, никаде не најдовме понуда на ваков ранец за 145 денари. Ранец од брендот „North face“ може да се најде на официјалната веб-страница на „Спорт вижн“, но по цена од 5.590 денари. Не најдовме ваков ранец по цена од 145 денари

 

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели:

Се отпуштивме од Sport Vision вчера. Затоа што одбив да работам туѓа работа за џабе. Искрено, ми се доста!

Па затоа сега ќе споделам нешто со вас што само вработените во продавниците требаше да го знаат.

Повеќето луѓе немаат поим, но вие всушност можете да добиете ранец од The North Face од Sport Vision за само неколку денари – ни беше строго кажано да не го споменуваме.

Но, веќе не ми е гајле. Има една скриена секција на нивната веб-страница. Одговарате на неколку смешни прашања – и ранецот е ваш! Го прават ова за да го исчистат заостанатиот залихи до крајот на месецот пред да ја лансираат новата колекција.

Ќе ја ставам врската во коментари.

Погледнете ја додека страницата е уште активна – и не заборавајте да ја споделите со пријателите. Бидите искрени – дали ќе молчите ако први дознаете за вакво нешто?

Објавата е споделена од навидум приватен профил за да изгледа поавтентична.

Таа нуди и линк до веб-страница која го злоупотребува логото на позната продавница за спортска опрема „Спорт Вижн“, но истата нема врска со овој бренд. Тука се бара од вас да пополните кратка анкета од 8 прашања за наводно да го добиете ранецот.

Откако ќе ги одговорите прашањата, ви се појавува картичка со опис на ранецот и информација дека истиот можете да го нарачате по цена од 145 денари.

Кога ќе стиснете на копчето „Продолжи“, се бара од вас да оставите лични и банкарски податоци за да го добиете наводно подарокот.

Оваа Фејсбук страница има само 112 следбеници, креирана е на 7 октомври, истиот ден кога е пласирана и објавата што ја рецензираме, заедно со уште неколку други објави.

На официјалната Фејсбук страница на „Спорт вижн“, која има 225 илјдаи следбеници, никаде не најдовме понуда на ваков ранец за 145 денари.

Ранец од брендот „North face“ може да се најде на официјалната веб-страница на „Спорт вижн“, но по цена од 5.590 денари. Не најдовме ваков ранец по цена од 145 денари.

Очигледно е дека станува збор за измамничка објава која сака да делува како вистинска со цел да ги намами следбениците и да ја испразни нивната банкарска сметка.

Поради тоа, објавата ја оценуваме како невистина.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција