Спортската сала во О.У. „Дитуриа“ во с. Липково е изградена на време

Изградба на спортска сала во О.У. „Дитуриа“ во с. Липково

(Ветување на ДУИ, рок за изградба крај на 2015 година)

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Во Изборната платформа на Демократската унија за интеграција, во полето на проекти на ниво на општината Липково, е ветена изградбата на спортска сала во О.У. „Дитуриа“ во село Липково. Беше ветено дека проектот ќе се реализира до крајот на 2015 година. Ветувањето проверено сега на крајот од 2016 г.,  е исполнето. 

На 01.03.2015 година, Службата за информирање на општина Липково извести дека работите се одвиваат според планираната динамика, и дека тие ќе завршат во предвидениот рок.

При крај е изградбата на спортската сала во О.У. „Дитуриа“ во с. Липково. Започнатите проекти треба да завршат на време, инсистира градоначалникот на општина Липково, г-дин. Садула Дураку. Овој проект се реализира во соработка со Министерството за образование и благодарение на оваа соработка овој проект се наоѓа во завршна фаза. (Извор: Службата за информирање на општина Ликово , 01.03.2015)

На почетокот на месец септември, изградбата на спортската сала на О.У. „Дитуриа“ беше при крај. На 16.09.2015 салата беше пуштена во употреба. На инаугурацијата учествуваше и лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, поранешниот министер за образование Абдулаќим Адеми, и градоначалникот на општина Липково, Садула Дураку.

Првата обврска во општеството е да се унапредат и да се усовршат условите за образование на децата. Ние претпочитаме да сме дел од Европа, а во Европа се бараат стандарди, како политички, државни, така и со современа инфраструктура(Извор: TВ Алсат-М, 16.09.2015)

Од друга страна, поранешниот министер за образование и наука на Република Македонија, Адеми, истакна дека инвестирањето во образованието останува приоритет на ДУИ. (Извор: TВ Алсат-М, 16.09.2015)

Да заклучиме, беше ветено дека спортската сала ќе се изгради во текот на 2015 година, а на крајот на таа година завршија работите и салата беше пуштена во употреба. Според методологијата на Вистиномер, можеме да заклучиме дека ветувањето за изградбата на спортската сала во О.У. „Дитуриа“ во село Липково, е исполнето.

ИЗВОРИ:

Оцени: Рабије Абази

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција