Спортската сала во училиштето во с. Балиндол, гостиварско, не е изградена
Ветување: Изградба на спортска сала во с. Балиндол, гостиварско. (Рок – до крај на мандатот, т.е. до мај 2017)
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Кандидатот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) за градоначалник на општина Гостивар, Невзат Бејта, во текот на предизборната кампања за локалните избори во 2013 година, одржа митинг во село Балиндол, Гостивар, каде што пред жителите на ова село имаше ветено дека за време на четиригодишниот мандат ќе се реализираат неколку важни проекти за ова село. Меѓу нив, беше и изградба на спортска сала. Досега (проверено на почетокот на април 2017), ова ветување не е исполнето.
Младите од Балиндол имаат потреба од спортска сала. Ние имаме три можности да ја направиме таа сала. Првата можност е да ја изградиме со средствата што граѓаните ги плаќаат во општинскиот буџет. Втората, со проектот со кој што ќе конкурираме во Министерството за образование и третата – имаме можност да обезбедиме средства од разните меѓународни организации кои што финансираат објекти од интерес за граѓаните на РМ. (Извор: Јутјуб канал на Невзат Бејта, 18.03.2013)
Невзат Бејта ја доби довербата на граѓаните и на 13.04.2013 и официјално стана градоначалник на општина Гостивар. (Извор: Илпрес, 13.04.2013)
Спортската сала во село Балиндол, Гостивар не беше изградена. Она што го стори општината во врска со спортските активности на учениците беше поставување на ограда на надворешниот спортски терен на училиштето, на 11.07.2016. Тој ден, градоначалникот на општина Гостивар, придружен од шефот на неговиот кабинет, Башким Хасани, заедно со директорот, наставниците и локалните жители, ги промовираа завршените работи.
„Самоиницијативно, раководството на училиштето, општинскиот советник од ова село, жителите и наставниците го средиле дворот, така што училиштето е комплетирано од секој аспект. Се направи оградата на училиштето, а сега и оградата на спортскиот терен, кој што ќе им служи на учениците за физичките активности од предметот по физичко образование“. (Извор: Aктуале, 11.07.2016)
Од официјалниот сајт на Општина Гостивар може да се види дека општината за оградата вложила 510 илјади денари.
Според приложената аргуменатиција може да се констатира дека ветување на Невзат Бејта за изградба на спортска сала не е исполнето.
ИЗВОРИ:
- |18.03.2013| Митинг на ДУИ во с. Балиндол во 2013 г. (погледнато на 01.04.2016);
- |13.04.2013| Невзат Бејта, официјално градоначалник на општина Гостивар (Илпрес, погледнато на 01.04.2016);
- |11.07.2016| Инаугурирана оградата на спортскиот терен во училиштето „Исмаил Ќемаљи„ во село Балиндол (Aктуале, погледнато на 01.04.2016);
Оцени: Рабије Абази
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар