Српски весник прво поттикнал паника за корона вирусот, па ја „спуштил температурата“

Војномедицинска акамедија, CC BY-SA 3.0 , via Wikimedia Commons

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу бргу ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до Грција на југ.

Српскиот сервис за борба против дезинформациите „Raskrikavanje“ улови дезинформирање од страна на весникот „Вечерње новости“, кој денеска на својот портал, објавувајќи фотографија од голема редица луѓе, напишал дека околу илјада луѓе чекаат да влезат во Воено-медицинската академија (ВМА) во Белград за прегледи и дека на сите им се зема брис. Набргу потоа тој текст бил поправен без напомена и било напишано дека „нема причини за загриженост“ и дека на луѓето не им се земале брисови, туку им се мерела температурата.

Оние кои ги виделе фотографиите, не само на порталот, туку и на социјалните мрежи, почнале да шпекулираат дека редицата се создала поради корона вирусот, пишува сервисот за борба против дезинформациите.

See Zoran Ruvidic’s other Tweets

„Вечерње новости“ напишал дека на сите им се зема брис, па поради недоволно информации, изгледало дека луѓе во паника дошле да се тестираат. Во сменетата верзија, потоа било напишано дека нема место за паника, а луѓето доаѓале на редовни закажани прегледи.

Од ВМА за „Raskrikavanje“ кажале дека пред поликлиниката на ВМА е редовно гужва од 7 до 7.30 часот, а дополнително денеска ВМА била дежурна установа на ниво на целата земја, и дека не станува збор за вонредна ситуација, туку поради превенција на луѓето им се мерела температура на влезот и не се дозволувало да влезат баш сите што дошле како придружба на пациентите.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција