Српските телевизии за власта известуваат позитивно, за бојкотот на изборите негативно

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, односно од БиХ на север, до Грција на југ.

Телевизиите со национална фрекфенција во Србија доминантно известуваат за активностите на владејачките партии, и тоа позиитивно или неутрално, притоа без никакви критики. Опозициските партии што излегуваат на избори се застапени многу помалку, но најчесто во неутрален тон, додека за политичките актери што се залагаат за бојкот на изборите, на телевизиите пред вонредната состојба немаше ниту секунда позитивен тон во известувањето, покажува најновата анализа на набљудувачката мисија на организацијата „ЦРТА“, која се однесува на периодот од распишувањето на изборите на почетокот на март до 24 мај, пренесува српскиот сервис за проверка на фактите Istinomer.rs.

Во текот на изборната кампања пред вонредната состојба, на претставниците на партиите на власт им припаднале 91,1 отсто од времето во најгледаните термини. Во половина од тоа време, тие биле претставени со неутрален тон, со позитивен тон околу 47 отсто, додека негативно известување за власта на националните фрекфенции речиси отсуствувало – тоа било случај само во 0,3 отсто од времето.

Во истиот период, односно од 4 до 16 март, на опозицијата што реши да оди на избори и припаднало 5,5 отсто, а на онаа што ги бојкотира изборите 3,4 отсто од вкупното време посветено на политичарите. Притоа, две третини од тие проценти, опозицијата што ќе оди на избори била претставувана неутрално, двојно помалку време позитивно, а речиси не се известувало со негативен тон.

Од друга страна опозицијата што бојкотира најчесто била претставувана во негативен тој, понекогаш неутрално, а речиси немало позитивно известување.

По укинувањето на вонредната состојба, кога продолжи предизборната кампања, медиумската слика е малку поинаква.

„Сега застапеноста на партиите на власт е во пад, додека партиите од опозицијата бележат пораст на националните телевизии, а истовремено расте неутралното професионално известување за сите полититички актери“, вели Александра Среќковиќ од „ЦРТА“ и додава дека всушност „изостануваат содржини што ја поларизираат целата политичка сцена, а коишто до скоро беа застапени во поголема мерка“.

Содржините на телевизиите со национална фрекфенции по продолжувањето на кампањата се 60 отсто посветени на политичарите од власта, 27 отсто на опозицијата што ќе оди на избори, што е повеќе од претходно, додека на опозицијата што бојкотира и се отстапуваат околу 12 отсто од вкупното време.
По вонредната состојба, дошло до промена во тоналитетот, па за сите политички актери пораснал процентот на претставување во неутрален тон, додека крајностите се избегнуваат.

Претставниците на партиите на власт или на опозицијата што оди на избори се претставени неутрално или позитивно во 97,7 отсто од извештаите, додека за претставниците на опозицијата што бојкотира се известува со неутрален или негативен тој во 95,7 отсто од програмите.

Според анализите на „ЦРТА“, јавниот радиодифузен сервис РТС моментално е најнеутралната и најпрофесионалната телевизија со национална фрекфенција во однос на останатите – Pink, Prva, Happy и B92. Од друга страна, претставниците на власта, а најчесто српскиот претседател Александар Вучиќ се најзастапени на телевизијата Pink. Вкупно една третина од времето за политичките актери на српските телевизии отпаѓа на Вучиќ.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција