ВМРО-ДПМНЕ: Станови и куќи за ранливи групи

Со програмата 2011-2014 ќе бидат изградени станбени единици во згради и куќи во следниве градови: Скопје – 446 станови, Ресен – 20 станови, Демир Хисар – 24, Гевгелија – 44,Прилеп – 75, Македонски Брод – 8, Кочани – 46, Пехчево – 29, Виница – 40, Куманово – 60, Свети Николе – 54, Пробиштип – 48, Неготино – 62, Струмица – 41,Тетово – 50, Гостивар – 70, Дебар – 48, Велес – 29, Дополнителни станови за деца без родителска грижа – 120

Образложение:

Со цел исполнување на ова ветување кое е предвидено да се заврши до крајот на 2014 година, во изминатиот период изградени се 9 објекти со вкупно 430 станови наменети за социјално ранливи групи во Македонија. Овие објекти се изградени во различни градови низ цела Македонија.

Досега во 2013 година распределени се: 20 социјални станови во Берово и 91 во Штип. Започната е изградбата на: 76 социјални станови во Прилеп, додека во Бутел во август започнати се припремите за изградба на зграда со 360 социјални станови. Во мај 2013 најавена е изградба на 70 социјални станови во Гостивар. [Ажурирано на: 13.09.2013]

Во Отчетот за сработеното на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 2011-2014 , во делот „Станбена изградба и комунална инфраструктура“ е наведено:

ОСТВАРЕНО:

             Изградба на станови за лица во социјален ризик и други ранливи групи ,,Проект за домување на социјално ранливи групи“.

Објектите во Битола, Берово и Штип со вкупно 220 станбени единици, се завршени со изградба во целост во периодот од 2011-2013 година, со што вкупната бројка на изградени станови по оваа програма изнесува 559 станбени единици.

Станови и куќи за станбено необезбедени лица (млади брачни двојки, инвалидизирани лица, самохрани родители, самци и други станбено необезбедени лица).

По оваа програма, завршен е објектот во Битола со 70 станбени единици.

ВО ТЕК:

Изградба на станови за лица во социјален ризик и други ранливи групи ,,Проект за домување на социјално ранливи групи“.

Во 2013 година, отпочнаа со градба и објектите во Прилеп со 75 станови, Демир Хисар со 25 станови и Ресен со 18 станови. Изградбата во Прилеп се очекува да биде завршена во текот на 2015 година, а во Демир Хисар и Ресен во текот на 2014 година.

Исто така, завршено е со проектирање на: 312 станови во Скопје, 43 станови во Кочани, 70 станови во Гостивар,10 станови во Македонски Брод, 34 станови во Пехчево, 39 станови во Виница, 54 станови во Свети Николе, 48 станови во Пробиштип, 41 стан во Струмица и 62 станови во Неготино.

Останува да се проектираат 121 стан во Скопје, 68 станови во Куманово, 55 станови во Тетово, 46 станови во Дебар и 29 станови во Велес.

Станови и куќи за станбено необезбедени лица (млади брачни двојки, инвалидизирани лица, самохрани родители, самци и други станбено необезбедени лица).

Во 2013 година од страна на Владата на Република Македонија донесен е Акциски план за изградба на станови за станбено необезбедени лица во Скопје – 35, Кочани – 20, Тетово – 34 и Кавадарци – 19. Во текот на 2014 година ќе се отпочне со обезбедување на проектна документација за истите. [Ажурирано на: 03.04.2014]

Имајќи го предвид сето ова, може да се констатира дека ветувањето за изградба на станови и куќи за ранливите групи е делумно исполнето.

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција