Стар трик на интернет со измама за продажба на скап чај против простатитис

Ваква рекламна содржина за продажба на чај против простатитис кружи на интернет на повеќе јазици. Во македонската верзија докторката се вика Камелија Радулевска, претставена како најдобриот специјалист од Клинички институт за лекување на простатитис и еректилна дисфункција. Таков институт, со такво име не постои во државава, ниту, пак, има докторка – специјалист по урологија со такво име. Постот тврди дека чајот од одобрен од Македонската асоцијацијата на уролози, а покрај фотографиите на тројца наводни доктори, кои зборуваат во прилог на продуктот, стојат имињата на Горан Георгиев, Јован Крстев и Милан Бошков. Но, при пребарувањето на интернет страницата „Мои доктори“, во секцијата со уролози не може да се најдат посочените доктори

Ваква рекламна содржина за продажба на чај против простатитис кружи на интернет на повеќе јазици. Во македонската верзија докторката се вика Камелија Радулевска, претставена како најдобриот специјалист од Клинички институт за лекување на простатитис и еректилна дисфункција. Таков институт, со такво име не постои во државава, ниту, пак, има докторка – специјалист по урологија со такво име. Постот тврди дека чајот од одобрен од Македонската асоцијацијата на уролози, а покрај фотографиите на тројца наводни доктори, кои зборуваат во прилог на продуктот, стојат имињата на Горан Георгиев, Јован Крстев и Милан Бошков. Но, при пребарувањето на интернет страницата „Мои доктори“, во секцијата со уролози не може да се најдат посочените докотри

 

 

Уште една од низата објави на интернет, каде со лажни имиња на доктори, чии ликови се илустрирани со фотографии украдени од Фејсбук, како и со посочување на непостоечки здравствени институции и груба злоупотреба на Македонската асоцијација на уролози, се нуди скап продукт – наводен  „чудотворен лек“. Овојпат, маркетингшкиот трик се користи за продажба на чај за превенирање од простатитис и враќање на потенцијата на пациенти на возраст од 60 до 70 години!

Низ манипулација со бројки и факти, текстот ги алармира мажите дека ако не купат од чајот и не превенираат, можат да добијат еректилна дисфункција. Текстот заплашува дека ова води до рак на простатата, а доколку подолго години немаат секс поради ова нарушување, може да дојде и до смрт.

Истата содржина кружи на интернет на повеќе јазици и со неа се нудат производи за машкото здравје. Првиот дел е интервју со млада докторка – уролог, која опишува колку опасно може да биде воспалението на простатата. Но, проверката на посочената фотографија  води до корисничка на Фејсбук од Русија.

Во македонската верзија докторката се вика Камелија Радулевска, претставена како најдобриот специјалист од Клинички институт за лекување на простатитис и еректилна дисфункција. Таков институт, со такво име не постои во државава, ниту, пак, има докторка – специјалист по урологија со такво име.

Во босанската верзија во која се нуди лек за потенција, докторката се вика Саида Дервишич, во унгарската, Марга Пироскат, додека во руската тоа е Маргарита Јуриевна Семенова. Пребарувањето покажува дека московскиот Универзитет „Сеченов“ на својата ФБ страна предупредува дека немаат таква докторка во својот тим, но и дека:

Лекарите на Универзитетот Сеченов не учествуваат во креирањето на рекламни написи за сомнителни лекови дистрибуирани на Интернет.

Текстот, чија крајна цел е продажба на препарати против воспаление на простата, има иста структура и иста содржина на сите јазици. Прво е интервјуто со наводната специјалистка која наведува на последиците од состојбата, по што следат искуства со пацинети, а се споделуваат и позитивни коментари од купувачи, кои тврдат дека продуктот имал делотворно влијание врз нивното здравје.

Оваа очигледна онлајн измама упатува на интернет страна, која преку маркетингшки трик нуди попуст од 50% доколку чајот се купи веднаш. Притоа, залихите од чајот, на очиглед на купувачот значајно се намалуваат како изминуваат минути присуство на страната. Инаку, цените се прилично високи за македонскиот стандард.

За ова пишуваше „Вистиномер“ во февруари годинава, кога, исто така, беше злоупотребено името на Македонската асоцијација на уролози. „Вистиномер“ тогаш стапи во контакт со претседателот на Македонската асоцијација на уролози, професор-доктор  Оливер Станков, кој потврди дека станува збор за лажен маркетинг и напомена дека случајот го пријавил:

Го пријавив ова во полиција и нема некоја реакција. Името на здружението на уролози е злоупотребено. Не сум слушнал за овој препарат и не е точно дека сме го одобриле, или дека го препорачуваме. Ова е криминал, ниту еден од тие лекари во рекламата не постои, нивните имиња се измислени, изјави тогаш доктор Станков за „Вистиномер“ 

Сепак, и во новобјавениот текст повтoрно се користи оваа асоцијација. Постот тврди дека чајот e одобрен од Македонската асоцијацијата на уролози, а покрај фотографиите на тројца наводни доктори, кои зборуваат во прилог на продуктот, стојат имињата на Горан Георгиев, Јован Крстев и Милан Бошков. Но, при пребарувањето на интернет страницата Мои доктори, во секцијата со уролози не може да се најдат посочените доктори.

Ваков тип на текстови поткрепени со интервјуа, изјави и наводни мислења од угледни здравствени институции, неретко со злоупотреба на имиња или организации, имаат единствена цел да заработат пари. Притоа, не водејќи сметка дека можат да наштат на здравјето на луѓето, кои купувајќи го производот веруваат дека го решваат проблемот на кој упатува рекламниот текст.

Уште еднаш упатуваме на консултација со вашиот лекар и други стручни лица, како фармацевти, пред да направите каква било онлајн порачка од ваков тип.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција