Стара снимка за ново заплашување од рускиот одговор на операцијата „Пајажина“
Не е точно дека на видеоматеријалот кој е поставен во објавата што ја рецензираме „се гледа првиот напад на украински цели со ракети „Искендер“ после нападот на Украина врз руските воени бомбардери“. Како што пишуваат проверувачите на факти на „Дојче Веле“, откако Украина изврши операција во која таргетираше цели длабоко во Русија во неделата на 1 јуни, на социјалните мрежи се појавија снимки што наводно го прикажуваат „рускиот одговор“, но станува збор за стари снимки, а таква е и таа од оваа објава
Не е точно дека на видеоматеријалот, кој е поставен во објавата што ја рецензираме, „се гледа првиот напад на украински цели со ракети „Искендер“ после нападот на Украина врз руските воени бомбардери“. Како што пишуваат проверувачите на факти на „Дојче Веле“, откако Украина изврши операција во која таргетираше цели длабоко во Русија во неделата на 1 јуни, на социјалните мрежи се појавија снимки што наводно го прикажуваат „рускиот одговор“, но станува збор за стари снимки, а таква е и таа од оваа објава
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видеоматеријал и пишува:
Опасно ескалира војната меѓу Русија и Украина. Денес најновиот напад со беспилотни летала на Украина врз руски воени авиони и воздухопловни бази бил снимен на камера. Уништени се 40 руски воени авиони и неколку воздухопловни бази.Украина удри тапани за сопствениот крај.Руските нуклеарни сили сега се во целосна готовност, чекале само наредба за лансирање.Рускиот одговор ќе ја означи судбината на светот.На снимката се гледа првиот напад на украински цели со ракети искандер.Долга и ужасна ноќ за Украина.
Во анализата на „Ал Џезира“ пак се наведува дека украинската операција го ослабува имиџот на Русија. Стратешките бомбардери се користеа за лансирање балистички и крстосувачки ракети од рускиот воздушен простор за да се погодат цели низ Украина, предизвикувајќи големи штети и цивилни жртви.
Нападот ненамерно „му помогна на Западот, бидејќи беше насочен кон [рускиот] нуклеарен потенцијал, изјави за Ал Џезира генерал-потполковник Ихор Романенко, поранешен заменик-началник на Генералштабот на украинската војска.
Николај Митрохин, истражувач на германскиот универзитет во Бремен за „Ал Џезира“ изјави дека:
Уништувањето на руската стратешка авијација не е затоа што таа е способна да носи ракети со нуклеарни боеви глави, туку поради нејзината употреба за лансирање ненуклеарни ракети.
Инаку, и според „NBC News“ постојат проруски блогери кои повикуваат на „нуклеарен одговор“ од страна на Русија, но таков досега ниту е најавен од официјални или армиски лица на Кремљ.
И проверувачите на факти на „Дојче Веле“ пишуваат дека најавите оти Русија „ги ставила нуклеарните сили во целосна готовност“, се недокажани.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како делумна невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар