Стара теорија на заговор за „кемтрејлс“ во ново пакување
„Кемтрејлс“ е, всушност, теорија на заговор стара повеќе од две децении. Оваа невистинита и заснована на дезинформации теорија, го претставува верувањето дека вообичаените траги од кондензација што ги создаваат авионите во воздухот се „хемиски патеки“, составени од хемиски или биолошки агенси.
„Кемтрејлс“ е, всушност, теорија на заговор стара повеќе од две децении. Оваа невистинита и заснована на дезинформации теорија, го претставува верувањето дека вообичаените траги од кондензација што ги создаваат авионите во воздухот се „хемиски патеки“, составени од хемиски или биолошки агенси. Поддржувачите на оваа теорија се убедени дека различни влади, глобалисти и сатанисти, се обидуваат негативно да ѝ влијаат на климата или на човековото здравје со тоа што прскаат токсични хемикалии, со цел да предизвикаат намалување на бројот на жители на планетата, односно геноцид, како што, впрочем, тврди и објавата која ја анализираме
Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која споделува фотографии од бели траги на небото и вели:
Еве ја зависна и поробена Македонија .
Ноќеска си почнале со работа ,глобалистите со цел
Екоцид и Геноцид
пасивен и хипнотизиран народ ,од неукост,БаАл,алкохол ,дрога и што ли уште не.
Теоријата за постоењето на „кемтрејлс“ и „планско запрашување“ со отровни и тешки метали се повторува постојано, иако е многупати разбиена од науката. Белите траги кои авионите ги оставаат зад себе се создаваат кога водената пареа и ситните честички изгорено млазно гориво на авионите се замрзнуваат во кристали од мраз. При ниска влажност на воздухот, кристалите само се распаѓаат. При поголема влажност тие опстојуваат и на крајот создаваат видлива трага на големи површини на небото.
За нивното формирање се потребни три елементи: водена пареа, студен воздух и честички на кои може да се кондензира водената пареа. Водената пареа се произведува од авионот додека водородот во неговото гориво реагира со кислородот во воздухот. Не сите авиони оставаат бели траги – се проценува дека ова се случува на само околу 18 отсто од летовите. Воздухот треба да биде доволно студен за водата да замрзне, поради што тие обично се појавуваат само над одредени надморски височини – обично над 6 километри височина.
Како што многупати досега пишуваше „Вистиномер“, овие траги коишто сите ги гледаме на небото, не се резултат на некоја скриена агенда за запрашување на населението со отрови. Впрочем, ваквите траги од авионите ги има во воздушниот простор на сите земји, не само кај нас!
„Кемтрејлс“ е, всушност, теорија на заговор стара повеќе од две децении. Оваа невистинита теорија, заснована на дезинформации, го претставува верувањето дека вообичаените траги од кондензација што ги создаваат авионите во воздухот се „хемиски патеки“, составени од хемиски или биолошки агенси. Поддржувачите на оваа теорија се убедени дека различни влади, глобалисти и сатанисти, се обидуваат негативно да ѝ влијаат на климата или на човековото здравје со тоа што прскаат токсични хемикалии, со цел да предизвикаат намалување на бројот на жители на планетата, односно геноцид, како што впрочем тврди и објавата која ја анализираме.
Оние кои веруваат во оваа теорија на заговор сметаат дека штом патеката од авионите е подолго време видлива, таа мора да содржи некакви опасни супстанции. Според ваквите верувања, вообичаената трага од авионите треба бргу да се распрсне, па оттаму, облаците кои не исчезнуваат мора да бидат полни со дополнителни, неоткриени супстанции, односно некакви отрови.
За да докаже дека оваа теорија на заговор е неточна и ги измамува луѓето, Форбс објави студија, според која 76 хемичари и научници од Универзитетот Ирвин, Калифорнија, изјавиле дека никогаш не дошле до докази оти постојат големи програми за хемиско прскање од авиони, со цел да се наштети на здравјето на граѓаните и да се влијае на атмосферата.
Според ова истражување, причината поради која трагите од авионите остануваат видливи е зашто тие летаат на поголеми височини отколку порано, што резултира со кондензациски траги, кои траат подолго време. Тоа што трагите од авионите се вкрстуваат е само и единствено доказ дека има зголемена фреквентност на авиосообраќајот, односно дека има многу повеќе авиони, кои учествуваат во авиосообраќајот, што е и примарната причина некои од нив да мораат да летаат и на поголеми височини.
Поради сето погоре, можеме да заклучиме дека објавата која ја анализираме е невистинита.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар