Стара вест за в.д. директор на Зоолошката градина, објавена како нова

На 21 октомври 2024 година бројни медиуми во земјава објавија дека скопската градоначалничка Данела Арсовска поставила нов в.д. директор на Зоолошката градина, Зоран Попов. Но, тоа не е вистина, бидејќи станува збор за стара информација. Зоран Попов е именуван за в.д. директор на 18 јануари 2023 година, речиси две години претходно.

 

Дезинформацијата е дека на 21 октомври годинава градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, назначила нов в.д. директор на скопската Зоолошка градина

 

Рецензираме објави (овде, овде, овде, овде, овде, овде) кои се споделени на различни медиуми на 21 октомври годинава и во нив се споделува дезинформација.

Дезинформацијата е дека на 21 октомври годинава градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, назначила нов в.д. директор на скопската Зоолошка градина.

Наместо да бара одговорност од стариот директор, Арсовска назначи нов директор, Зоран Попов. Тој доаѓа на местото на Драган Илиевски кој од денеска е именуван за директор на ЈП Водовод и канализација. Иако за таа позиција конкурираше поранешниот управител на ЗОО Скопје Ѓорги Галетановски, сепак, како што рече и самиот не му биле ниту разгледани поднесените документи, пишува во некои од текстовите.

Меѓутоа, станува збор за дезинформација. На 21 октомври 2024 година не е поставен за в.д. директор Зоран Попов, туку тој е поставен за в.д. директор многу порано и во времето на објавите веќе ја извршува позицијата в.д. директор.

Она што се случило во објавите, е тоа стара вест од порталот Сакам да кажам, објавена на 18 јануари 2023 година, да биде целосно пренесена на 21 октомври 2024 година како да е нова. На таков начин се има извршено дезинформирање на јавноста. Вистината е дека градоначалничката на Скопје Данела Арсовска на 21 октомври 2024 година го нема поставено Зоран Попов за в.д. директор на зоолошката градина во Скопје затоа што тој веќе од претходно ја извршувал оваа функција.

Во веста од порталот Сакам да кажам од 18 јануари 2023 година пишува:

Зоран Попов е нов в.д. директор на Зоолошката градина. Скопската градоначалничка Данела Арсовска го постави Попов на местото на Драган Илиевски кој од денес е директор на ЈП „Водовод и канализација”. Попов за САКАМДАКАЖАМ.МК потврди дека е назначен на функцијата. Попов е дојден во градината во август лани откако на функција беше поставен Илиевски, како дел од неговиот тим. Во рок од една година Арсовска постави тројца директори на Зоолошката градина. Прв беше Кристијан Стаменов кој беше сменет оти закла 15 коњи, па на негово место дојде Драган Илиевски, а сега трет директор е Попов.

Поради сите горенаведени факти објавите што ги рецензираме ги оценуваме како невистинити. И самиот екс директор на Зоолошката градина Ѓорги Галетановски на својот Фејсбук профил на 21 октомври годинава потврди дека се работи за стара информација.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција