Старо видео манипулира дека невакцинираните во Аргентина не можат да извадат пари од банкомат 

Фото: Принтскрин фб пост

Постот е манипулативен, видеото споделено во него е снимено во Аргентина на почетокот на јануари, кога таму за влез во објекти бил задолжителен вакцинален сертификат, мерка којашто важела и за банките, но и за многу други јавни објекти и настани.  Исто така, на Аргентинците кои не се вакцинирани не им било забрането да вадат пари од банкомати, во конкретниот случај банкоматот е во внатрешноста на банка, па се барал таков сартификат за влез. Банката којашто е прикажана во видеото само се водела по тогашните важечките регулативи во Буенос Аирес донесени со владина резолуција од декември 2021 година,  којашто сега веќе не важи

Постот е манипулативен, видеото споделено во него е снимено во Аргентина на почетокот на јануари, кога таму за влез во објекти бил задолжителен вакцинален сертификат, мерка којашто важела и за банките, но и за многу други јавни објекти и настани.  Исто така, на Аргентинците кои не се вакцинирани не им било забрането да вадат пари од банкомати, во конкретниот случај банкоматот е во внатрешноста на банка, па се барал таков сертификат за влез. Банката којашто е прикажана во видеото само се водела по тогашните важечките регулативи во Буенос Аирес донесени со владина резолуција од декември 2021 година,  којашто сега веќе не важи

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели дека синовите на ѓаволот не спијат, туку упорно и без прекин ги малтретираат луѓето. Потоа се споделува текст во кој се вели дека во Аргентина наводно било забрането подигнување на пари на банкоматите за невакцинираните.

Во текстот се вели дека е престрашно да се види наводно што сè им се прави на луѓето во име на заштита на нивното здравје и дека им се одземаат нивните основни граѓански и човечки права, како и правото да располагаат со своите пари. Се споделува видеоматеријал на којшто на шпански јазик се слуша расправа меѓу жена која не ја примаат да влезе во внатрешноста на банка, зашто не носи маска.

Но, видеото не е ново туку е од 3 јануари 2022 година, објавено на Твитер и може да се погледне на следниот линк.

Во моментот секоја јурисдикција во Аргентина има усвоено соодветни препораки врз основа на нејзината посебна епидемиолошка ситуација и планираната здравствена стратегија.

Со Резолуцијата 1849-2022, од 20 септември 2022 година донесена во Буенос Аирес, Националниот здравствен орган е овластен да ги обезбеди препораките и мерките што треба да се донесат за да го ублажи влијанието на ковид и да овозможи напредок на вакциналната кампања. Министерството за здравство е овластено да воспостави нови мерки или да ги измени сегашните како и превентивните дејствија, задолжителните мерки, нивните исклучоци за термините кои треба да се утврдат, според епидемиолошка евалуација и напредокот на кампањата за вакцинација.

Не е задолжително, но се препорачува да се носи маска во затворен простор, вклучително на работа, во образовниот процес и во јавниот превоз. На страницата на Министерството за здравство на Аргентина пишува дека популацијата е широко покриена со вакцина, дека во моментот има период на континуирано намалување на случаите, дека поради тоа што има напредок во опфатот со вакцинацијата, инциденцата на тешка болест и смртност поради ковид-19 е значително намалена, дека од почетокот на Националната кампања за вакцинација до 6 септември 2022 година е постигната покриеност од 82.5 проценти кај општата популација и 81,7 проценти кај лица над три години со две дози вакцина и 46,7 проценти кај општата популација и 73,5 проценти кај лица над 60 години со првиот бустер. Пишува дека маската е ефикасно средство за спречување на пренос на респираторни вируси од човек на човек и нејзината употреба е корисна за превенција од сезонски болести. Врз основа на горенаведеното донесени се следните мерки кои се на сила во Аргентина на 21.09.2022 година:

Член 1 – Се утврдува незадолжителната природа на употребата на маска

Член 2 – Без да се нарушува одредбата од член 1 продолжува да се препорачуваат општи мерки за превенција како правилна употреба на маска во затворени простори, на работа, во училиште, државни институции и во јавниот транспорт. Исто така обезбедете вентилација на просториите одржувајте правилна и честа хигиена на рацете, а при симптоми избегнувајте контакт со други луѓе, не одете на работа и на јавни места.

Член 3 – Секоја јурисдикција може да ги усвои соодветните препораки врз основа на нејзината посебна епидемиолошка ситуација и планираната здравствена стратегија.

На веб-страницата за вакцинација во Аргентина во делот на често поставувани прашања се вели дека вакцинацијата против ковид-19 не е задолжителна и дека националното Министерство за здравство и проширената програма за имунизација се залагаат за градење и поттикнување прифаќање и доверба во вакцинацијата како поддршка, правична и корисна стратегија за јавно здравје и благосостојба на населението. Така, во Аргентина мнозинството од населението ги разбира индивидуалните и колективните придобивки од вакцинацијата и доброволно ја прифаќа.

Видеото од постот што го рецензираме, пак, е старо, од 3 јануари 2022 година, кога во Аргентина била на сила владина резолуција којашто сега веќе не важи. Банката којашто е прикажана во видеото само се водела по тогашните важечките регулативи во Буенос Аирес донесени во владината резолуција.

Според овој документ од 15 декември 2021 година, здравствениот сертификат во Буенос Аирес бил баран за масовни спортски религиозни или културно рекреативни активности на затворено, при посета на јавни агенции, како и при посета на приватни установи каде што луѓето се собираат, како што е случајот со банката прикажана на видеото во постот што го рецензираме. Исто така, со тогашната резолуција било предвидено лица на влезовите да го контролираат сертификатот за вакцинација, наречен Pase Sanitario.

Според официјалната страница на аргентинските здравствени власти, зависно од епидемиолошката состојба вакциналниот пас варирал со текот на времето и меѓу јурисдикциите

Така на 1 март годинава, престанало барањето за ваков сертификат за влез во објекти во аргентинската провинција Тукуман, а во провинцијата Салта престанало барањето за здравствен сертификат.

Поради сето горенаведено, постот што го рецензираме го оценуваме како пост во кој се пропушта контекстот. Видеото е снимено во Аргентина (не се кажува која провинција) на почетокот на јануари кога таму на сила бил вакцинален сертификат за влез во објекти, мерка којашто важела и за банките, но и за многу други јавни објекти и настани. Не е точно дека со која било мерка им било забрането на Аргентинците да вадат пари од банкомати ако се невакцинирани, но во конкретниот случај, банкоматот е во внатрешноста на банката, па се барал таков сартификат за влез. Подоцна во текот на годината, кога се променила здравствената состојба во Аргентина, мерката престанала да важи и тоа во различен временски период во секоја од провинциите (административните единици), а во зависност од епидемиолошката состојба.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција