Статус од социјалните мрежи искористен да се нападне Бектеши, а да се поштеди Османи

Честопати се среќаваме со владини службеници што ги објавуваат своите ставови преку своите официјални профили на социјалните мрежи, а позициите или објавите на овие функционери новинарот може да ги користи за создавање вести. Но, сепак, размислувањата на сите на социјалните мрежи не можат да претставуваат вест и јавен интерес. Веста што ја разгледуваме ги крши принципите на новинарскиот професионализам, почнувајќи од фактот дека намерата била да се создаде вест преку пропагирање статус на „Фејсбук“.

 

Фотографија од веста што се разгледува

Линк до оригинален напис: „Новинарот Саќипи го напаѓа министерот Бектеши: Не правете маркетинг со приватните бизниси во Студеничани кои не ги поддржавте никогаш“  Gazetari Saqipi atakon Ministrin Bekteshi: Mos bën marketing me bizneset private në Studeniçan që asnjëherë nuk i keni ndihmuar

Датум на објавување: 3.2.2020

Датум на рецензија: 2.2.2019

Рецензира: Наиле Даути

Текстот што го разгледуваме е статус на „Фејсбук“, измешан со парафраза и коментар на авторот на написот што го напишал овој текст. Овој напис не е интересен за јавноста и недостигот од професионализам подразбира дека тој не е наменет за информирање на јавноста.

„Новинарот Суат Саќипи преку статус на социјалната мрежа ’Фејсбук‘ остро го критикуваше министерот за економија, Крешник Бектеши, пренесува ’Журнал‘. Според новинарот Саќипи, министерот Бектеши веќе долго прави предизборен маркетинг со приватни бизниси во Општина Студеничани. Тој дури јавно побара од министерот Бектеши да каже кој приватен бизнис во оваа зона го поддржал?“, 
стои во написот што го разгледуваме.

 

Не е етички да се пропагира од името на информирањето

Написот е непрофесионален. Првично, не постои ништо скандалозно во статусот што е земен за да го привлече вниманието на новинарот за да се направи вест, затоа што во вакви околности може дури и да се оправда, доколку се докажеа тврдењата за статусот што беше земен како пример за истражување. Но, во овој напис има само наводи, кои, освен ако не се докажат со аргументи, немаат основа. Авторот што го зел овој статус за наводно да создаде вест, самиот не добил информации од приватните бизниси за да утврди дали некогаш имале поддршка од министерот или не и дали ваквите посети се само рана предизборна кампања.

 

Омалуважување на личностите не е новинарство

Вест како оваа што ја разгледуваме, професионалниот новинар би можел да ја направи само со повикување на факти и аргументи: изјави на експерти од областа и слично или со добивање мислење од сопствениците на тие бизниси споменати во текстот и се разбира на споменатиот министер. Во никој случај не со омаловажување на некого и со поштеда на некој друг.
Оригиналниот статус се однесува на двајца министри, Бујар Османи и Крешник Бектеши. Дури зборот министер е користен во множина „министрите прават предизборен маркетинг“, но авторот го употребил во еднина – министер, заобиколувајќи го едниот од нив и оставајќи ги само обвиненијата против другиот.

Ова зборува многу за целта на оваа „вест“, во која се заблежуваат манипулативни техники. Авторот на текстот не се обидел да го докаже она што го напишал, се обидел да ја докаже вистината со тврдење под претпоставка дека е точно. Користење на предвидениот заклучок како почетна претпоставка. Оваа манипулативна текника е опишана во Прирачникот на Критинк.

 

Игнорирајте непрофесионализам

Манипулативни наслови, недостиг на аргументи и извори на информации и, што е најважно, недостиг на темелно истражување во рамките на еден текст, се индикации дека таквото пишување воопшто не треба да се чита. Колку и да се јасни вашите мисли, кога веста се заснова на предрасуди, обвиненија и манипулации, може порано или подоцна да ви го замагли здравиот разум и треба да се игнорира.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција