Стечајот на Алта банка АД Белград не е однапред смислен од западни агентури
Ниту има докази дека западни агентури имале пари во Алта банка АД Белград кои ги инвестирале во обоена револуција, ниту пак, дека имало „обоена револуција“.
Ниту има докази дека западни агентури имале пари во Алта банка АД Белград кои ги инвестирале во обоена револуција, ниту пак, дека имало „обоена револуција“. Имено, непосредно пред изборите во Србија, односно пред промената на власта, Централната банка на Србија, воопшто не детектираше никакви проблеми во банкарскиот сектор во земјата, вклучително ни за Алта банка АД Белград. Но тектонски промени се случија по изборите, што сугерира дека Централната банка на Србија не детектирала никакви проблеми со нејзиното работење – во периодот на власта на Вучиќ
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:
Зошто АЛТА БАНКА е унапред смислен потег на “западни аѓентури” – 1.Ако падне Вучиќ си ги повратиле парите инвестирани во “Обоена револуција” со парите од Алта- Банка ….. 2.Ако не падне Вучиќ веројатно планирале да дигнат народ на улици по терк на “албански штедилници” со порака “Вучиќ ве краде” … Секоја “Обоена револуција” си има свои “албански штедилници” кои се унапред смислени …
Не е точно дека одењето во стечај на Алта банка АД Белград е „однапред смислен потег на западни агентури“. Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата. Во официјалното соопштение на Народна банка Србија е наведено дека финансиската состојба на банката значително се влошила во претходниот период, како и дека постои можност за натамошно влошување на финансиската состојба или ликвидноста на банката, па следствено на тоа, интересите на депонентите на банката се загрозени. Ова била причината и со ова, според соопштението, се исполниле условите за одземање на дозволата за работа на банката, согласно Законот за банки на Србија. Одлуката е донесена според Народната банка на Србија – со цел да ги заштити интересите на депонентите и да ја зачува стабилноста на финансискиот систем.
Според угледниот „Фајненшал тајмс“, во банката имало депоненти од Русија и во својата анализа „Фајненшал тајмс“ ја опишува банката како „фаворизирана од Русите“. Според официјалното соопштение од српското Обвинителство за борба против организиран криминал, сопственикот на банката Давор Мацура се сомничи со уште две лица дека изнел 380 милиони евра од трезорот и за тоа во Србија е под истрага. Случајот Алта банка во Србија се отвори по промената на власта во земјата, односно откако Студентска листа победи на изборите.
Бројни државни фирми во Србија ги чувале своите пари во Алта банка за време на власта на Александар Вучиќ, a во српските медиуми се изнесени тврдења и за давање кредити на лица блиски до криминалот и до поранешната власт.
Исто така, растот на банката во медиумите се поврзува со периодот кога на власт е Српска напредна странка. Приказните за западно финансирање на „обоена револуција“ се повторувачки дезинформациски наратив, за кој не се презентирани докази за западна организација или управување со протестите, напротив тие беа масовни и интерно генерирани во Србија, од студентите со повод падот на натстрешницата во Нови Сад каде имаше 16 загинати.
Не држи ниту паралелата меѓу одземањето на дозволата на Алта банка АД Белград со албанската криза, која пак, според ММФ била предизвикана од пропаѓањето на голем број финансиски пирамидални шеми во кои граѓаните вложувале пари. Колапсот предизвикал масовни протести, насилство, економски колапс и пад на владата.
Логиката на објавата е изградена така што секој можен исход од политичката ситуација во Србија се толкува како доказ за истата теорија – „ако Вучиќ падне тоа наводно значи дека ‘западните агентури“ си ги вратиле инвестициите“, а „ако Вучиќ не падне, тоа наводно значи дека ‘западните агентури’ ќе предизвикаат протести преку незадоволството на штедачите“. Наспроти тоа документирани се финансиски проблеми на банката, одлука за одземање на лиценцата, стечајна постапка и сериозни сомневања за незаконско извлекување пари од трезорот. Поврзувањето на банкарскиот колапс со албанските пирамидални шеми од 1997 година претставува само некаква политичка аналогија, а не доказ за однапред планиран сценарио за предизвикување протести.
Ниту има докази дека западни агентури имале пари во Алта банка АД Белград кои ги инвестирале во обоена револуција, ниту пак, дека имало „обоена револуција“. Имено, непосредно пред изборите во Србија, односно пред промената на власта, Централната банка на Србија, воопшто не детектираше никакви проблеми во банкарскиот сектор во земјата, вклучително ни за Алта банка АД Белград. Но тектонски промени се случија по изборите. Ова сугерира дека Централната банка на Србија во периодот на поранешното раководство не детектирала никакви проблеми со нејзиното работење – во периодот на власта на Вучиќ. Народна банка на Србија информираше дека Агенцијата за осигурување на депозити на Србија е надлежниот орган за прашања поврзани со спроведувањето на стечајна постапка над банката, како и за управувањето со средствата и обврските на банката. Оттука, како што наведоа оттаму и физичките и правните лица можат директно да се обратат до Агенцијата за осигурување на депозити за информации во врска со остварувањето на своите права.
Во рок од три работни дена од донесувањето на одлуката на Трговскиот суд во Белград за поведување стечајна постапка против банката, во јавните медиуми и на веб-страницата на Агенцијата за осигурување на депозити (www.aod.rs) ќе биде објавено известување за условите, локациите и роковите за исплата на осигурените депозити, како и други релевантни информации за клиентите на банката, наведоа оттаму.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар