Стефче Трпковски

Стефче Трпковски e градоначалник на Oпштина Сопиште

 

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Стефче Трпковски е роден на седми август 1982 година во Скопје.

 

ОБРАЗОВАНИЕ

Средно образование завршил во ДСГУ „Здравко Цветковски“, а високо образование на Градежниот факултет во Скопје, каде се здобил со звање дипломиран геодетски инженер. Трпковски завршил постдипломски студии на Градежниот факултет  и  станал магистер по технички науки.

 

КАРИЕРА

Од 2007 година работел во АЛФА–ГЕОДЕТ ДООЕЛ, а потоа бил избран за пратеник во Собранието на Република Македонија (2011 -2013) каде бил член на повеќе комисии: за транспорт и екологија, за локална самоуправа, за земјоделство, шумарство и водостопанство, за труд и социјална политика и во пратеничката група за меѓународна соработка со Парламентот на Јапонија и на Големото Војводство Луксембург.

На локалните избори во 2013 година за птвпат станал градоначалник на Општина Сопиште, а на локалните избори во октомври 2017 година го доби вториот градоначалнички мандат во оваа Општина.

 

ИЗВОРИ:

Веб-страница на Општина Сопиште: Градоначалник

Собрание на Република Македонија: Стефче Трпковски

Википедија: Локални избори во Македонија (2013)

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција