Стевчо Јакимовски

Стевчо Јакимовски е градоначалник на општина Карпош, претседател на партијата ГРОМ, поранешен министер во два ресора, и човек што минал низ четири партии.

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Стевчо Јакимовски е роден на 27 август 1960 во село Подржикоњ, Кривопаланечко. Тој е поранешен репрезентативец на Македонија во карате и петкратен републички првак.

 

ОБРАЗОВАНИЕ

Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје во 1987 година.

Активно го користи англискиот јазик.

 

КАРИЕРА

По дипломирањето во 1987 година, бил волонтер – новинар во спортската редакција на Радио Скопје, и тоа од јануари до јуни во 1988 година, а потоа во Информативно-политичката редакција на Втората програма на Радио Скопје од јуни до октомври 1988 година. Потоа, од октомври 1988 година до мај 1990 година бил стручно-политички работник во Претседателството на младина на Југославија.

Од 1990 година е приватен стопанственик, а од јануари 1992 година станал директор на Катланово-Турс. По завршувањето на мандатот како министер за труд и социјална политика, во јули 2006 година, Јакимовски станува претседател на Управниот одбор на Штедилницата „Можности“.

ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА

Стевчо Јакимовски е лидер на партијата ГРОМ и градоначалник на Општина Карпош.

Во периодот од 2000 до 2003 година ја извршува функцијата градоначалник на општина Карпош. Од 7 ноември 2003 година ја извршува функцијата министер за економија, по што, во декември 2004 година, доаѓа на местото министер за труд и социјална политика. Од 2009 година повторно ја извршува функцијата градоначалник на општина Карпош. На локалните избори во 2013 година добива уште еден мандат како градоначалник на општина Карпош. На овие избори тој излегува од редовите на СДСМ и се бори за гласовите на граѓаните како кандидат на Српската напредна странка на Македонија (СНСМ).

Потоа формира и своја политичка партија ГРОМ, која во коалиција со СНСМ, Сојуз на Титови леви сили,ПСД и ЛПМ настапува на претседателските 2014 и предвремените парламентарни избори 2014.

 

ИЗВОРИ

Веб-сајт на општина Карпош – Градоначалник

Википедија – Стевче Јакимовски

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија (BTD – The Balkan Trust for Democracy), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, NED или BTD.

Оставете реакција