Струга доби јавно претпријатие за стопанисување со градските паркинзи

Фото: Принтскрин видео struga.gov.mk

Едно од ветувањата на актуелниот градоначалник на Општина Струга, Рамиз Мерко во изборната кампања во 2017 година, беше воведување на ред во паркирањето во градот Струга со формирање на јавно комунално претпријатие за таа намена. Ова негово изборно ветување го оценуваме како исполнето

Ветување: Воведување ред во паркирањето во Струга и формирање на Јавно претпијатие за паркинзи.

[Извор:Изборна програма „За општината што ја сакам“ кандидат за градоначалник на општина Струга, Рамиз Мерко стр. 30 – Датум: октомври, 2017 година]

 

OБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Едно од ветувањата на актуелниот градоначалник на Општина Струга, Рамиз Мерко во изборната кампања во 2017 година, беше воведување на ред во паркирањето во градот Струга со формирање на јавно комунално претпријатие за таа намена. Ова негово изборно ветување го оценуваме како исполнето.

Во јануари 2021 година почна со работа ЈП „Еко“ кое стопанисува со паркинзите во Струга. Претпријатието е формирано во 2018 година, со одлука за давање согласност од страна на Советот на Општина Струга, а во јануари оваа година се добиени сите потребни дозволи и правни акти со согласност од Министерство за информатичко општество за отпочнување со работа.

ЈП „Еко“ денес располага со 600 паркинг места и пајак служба за отстранување на непрописно паркираните возила во градот. Претпријатието моментално брои 3 административци и 15 даватели на услуга.

Според систематизацијата предвидени се 30 работни места. Ние работиме на обезбедување на финансиски средства за зголемување на бројот на вработени и давање подобри услуги за граѓаните, вели за „Вистиномер“, Гордана Ѓоргиоска Китаноска, директор на ЈП „Еко“ Струга.

Од месец јуни во Струга е воведено и зонско паркирање.

Зонското паркирање е најефикасен начин со цел да се овозможи ред во паркирањето и намалување на сообраќајниот метеж,  вели Китаноска.

Со овој проект се стави крај на хаосот во паркирањето и на дивите нелегални паркинзи во Струга. Претходно со неколку јавни паркинзи во градот стопанисуваа приватни лица, кои не издаваа фискални сметки на што се жалеа граѓаните.

Имајќи ја предвид наведената аргуменатција ова изборно ветување на градоначалникот Рамиз Мерко го оценуваме како исполнето.

 

ИЗВОРИ: 

 

Оцени: Соња Рилковска

 


Овој напис е изработен во рамките проектот Проверка на фактите за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција