Струга, еден од градовите во РСМ со најмногу смртни случаи од Ковид-19

Модуларна болница во Струга. Фото: Порталб

Високиот број на починати од Ковид-19 во Северна Македонија е доста загрижувачки. Од почеток на пандемијата пријавени се 245.398 случаи на Ковид-19, од кои 8.115 завршиле фатално. Минатата недела беа пријавени 55 смртни случаи во 15 градови, 34,1% повеќе од минатата недела. Струга е еден од градовите што има регистрирано голем број на смртни случаи во споредба со вкупниот број случаи со Ковид-19. Лекарите велат дека еден од главните фактори за високата смртност е задоцнетото доаѓање на пациентите во болница, пишува Порталб.мк

Високиот број на починати од Ковид-19 во Северна Македонија е доста загрижувачки. Од почеток на пандемијата пријавени се 245.398 случаи на Ковид-19, од кои 8.115 завршиле фатално. Минатата недела беа пријавени 55 смртни случаи во 15 градови, 34,1% повеќе од минатата недела. Струга е еден од градовите што има регистрирано голем број на смртни случаи во споредба со вкупниот број случаи со Ковид-19. Лекарите велат дека еден од главните фактори за високата смртност е задоцнетото доаѓање на пациентите во болница, пишува Порталб.мк

 

Општина Струга е еден од градовите во Северна Македонија кој има највисока стапка на смртност како последица Ковид-19. Според Институтот за јавно здравје, стапката на смртност во Струга е 6,2%, потоа следува Крива Паланка со 5,2% и Виница со 5,1%. Бројот на смртни случаи во Струга како последица на коронавирусот е многу висок во споредба со другите градови во државата кои имаат регистрирано ист или поголем број на позитивни случаи со Ковид-19.

Извор ИЈЗ

Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во Струга се регистрирани вкупно 4.124 позитивни случаи со Ковид-19, 255 од кои починале. Сличен  број на позитивни случаи со Ковид-19 е регистриран и во некои други градови како што е: Кичево, Велес, Кочани и други, но бројот на смртни случаи е далеку помал од тој во Струга.

Град Вкупен број на позитивни случаи со Ковид-19 Вкупен број на смртни случаи
Струга 4124 255
Кочани 4310 185
Кичево 4602 194
Велес 7894 283
Кавадарци 7995 236

Извор: ИЈЗ

Во последниот неделен извештај на ИЈЗ се наведува дека заклучно со 16.01.2022 година, во нашата земја регистрирани се 3.398 случаи на заболени од Ковид-19. Најмногу случаи се регистрирани во Скопје, Куманово, Прилеп, Тетово и Битола, а најголема смртност е регистрирана во Струга, Дебар и Крушево.

Од Општата болница во Струга не дадоа никакви одговори за нашата редакција.

Затоа пак, Доктор Адурим Фазлиу смета дека еден од директните фактори што влијаел на зголемување на смртноста е феноменот дезинформации, кој направи граѓаните да не ја сфаќаат сериозно болеста и да задоцнат при барање на лекарска помош.

Д-р Адурим Фазлиу

„Кружењето на разни конспиративни теории секако дека влијаеше на задоцнетото обраќање на пациентите за лекарска помош во болниците, нешто што го отежнува доста лекувањето на инфекцијата. Затоа мислам дека анализирањето на смртноста од само една гледна точка е злонамерно и премногу тенденциозно и обид да се обвини една институција која е одговорна за пандемијата. Почитувањето на препорачаните мерки од страна на ИЈЗ и масовната вакцинација ќе помогнат за побрзо враќање на животот како што беше пред пандемијата“, додава доктор Фазлиу.

Според доктор Адурим Фазлиу, друг фактор што влијае на високата инциденца на смртни случаи од Ковид-19, не само во Струга туку и на многу други места, е дефицитот на здравствени работници во болниците.

 „Дефицитот од медицински кадар е феномен кој е евидентен и во најразвиените земји и мислам дека е еден од факторите за големиот број на смртни случаи не само во Струга, туку и во целата држава, а и во светот. За болничките услови одговорна е  Владата, Министерството за здравство и самото раководство на болницата“, рече докторот.

 Во Струга моментално има 171 активни случаи, а насекаде низ државата регистрирано е зголемување на бројот на новозаболени од Ковид-19, поконкретно со варијантата Омикрон. Во моментов во нашата земја има 16.397 активни случаи. Според болничките извештаи, во моментов хоспитализирани се 439 лица (25,1% повеќе во споредба со претходната недела), од кои 251 се на кислородна поддршка (15,1% повеќе во споредба со претходната недела) и 26 пациенти се на механичка вентилација (4 пати повеќе во споредба со минатата недела).


Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапени се возрасните групи на лица на возраст 30-39 години со 2.643 или 23,8% и 20-29 години со 2.153 случаи или 19,4%.

Се забележува зголемување на бројот на заболени кај скоро сите возрасни групи со најголемо зголемување кај возрасната група над 60 години со зголемување од 99,6% и возрасната група 50-59 години со зголемување од 90,3% во однос на претходната недела.

Според категоризацијата на ризикот и проценката на ситуацијата земајќи ги во предвид индикаторите на СЗО за можноста за понатамошна трансмисија и капацитетите за одговор на земјата се проценува дека: Република Северна Македонија е во фаза на широка трансмисија, подниво 3, со умерени капацитети за одговор.

 

 


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за брзо справување со вакциналните дезинформации, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Тој е првично објавен во Вистиномер, а e овозможен со поддршка на Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, БТД или нивните партнери.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција