Субјективно толкување, Заев не го предупредил Зекири

Отворените политички судири меѓу два субјекта ја тестираат будноста на медиумите со цел да го зачуваат професионалниот однос и да не бидат пристрасни кон ниедна страна. Овој предизвик го надминуваат само новинарите што се придржуваат кон стандардите за професионално информирање. Другите не го положуваат тестот. Еве еден пример кога судирот меѓу два субјекта или меѓу одредени експоненти во тие субјекти го истакнал непрофесионалниот однос на новинарот во информирањето за оваа случка

 

Fotografi nga lajmi që recensohet
Фотографија од написот што се рецензира

Линк до оригиналниот напис: „Заев го предупредува Зекири: Не е прв пат, ти не сакаш, но другите во СДСМ сакаат коалиција со ДУИ“   Zaev i tërheqë vërejtjen Zekirit: Nuk është hera e parë, ti nuk do por të tjerët në LSDM duan koalicion me BDI-në

Датум и време на објавување: 21.11.2019

Датум на рецензија: 23.11.2019

Рецензира: Фатлуме Дервиши

 

Интригантниот наслов ги кани читателите да дознаат повеќе за забелешката што премиерот му ја упатува на својот сопартиец. Брзо станува очигледно дека текстот вклучува коментари што не беа одделени од информацијата, наменета „да напаѓа“.

„Пратеникот од СДСМ Мухамед Зекири, од албанска етничка припадност, во текот на дебатата за програмата ’Клик плус‘ на ТВ 21, ја изрази, меѓу другото, и  својата „омраза“ кон Демократската унија за интеграција…

Но, не доцнеше реакцијата од претседателот на Зекири, Зоран Заев, кој изјави за медиумите дека не е Зекири тој што одлучува со кого ќе коалицира СДСМ, а со кого не. Со други зборови, Заев му  порача на Зекири ’не пикај го носот таму каде што не ти е местото‘“, стои во текстот што го разгледуваме.

Новинарот во вестите може да интерпретира одредени настани за да биде појасен за читателот, но мора да го стори тоа со избрани зборови наместо со субјективни коментари.

„Новинарите мора да прават разлика помеѓу факти и мислења, вести и коментари“, се вели во Етичкиот кодекс на новинарите.

Што е вистина?

Премиерот Заев во својата изјава не го предупредил Мухамед Зекири и не му се спротивставил, велејќи му како што се вели во насловот, „Не е прв пат, ти не сакаш, но другите во СДСМ сакаат коалиција со ДУИ“. Заев, без да биде критичен во формата како што новинарот го пренесува, во текстот што го разгледуваме, коментира:

„Тој (Зекири) не потенцира дека сака или не сака. Има и такви во СДСМ што сакаат и на крајот ќе донесеме одлука. Знаете што е интересно на крајот; граѓаните ни кажуваат на избори. Ако граѓаните гласаат за нас на изборите, тие ќе нè водат за идните соработки“, рече Заев за медиумите.

Авторот не го презентира целосниот став на Зекири и тоа што тој конкретно го кажа за коалицијата со ДУИ за читателите да можат да го создадат целиот мозаик на судирот.

Техники на манипулација

За да манипулира со неговата информација, авторот се повикува на авторитет, на премиерот, само за да го дискредитира потпретседателот на СДСМ. За да го постигне ова, тој го користел и методот на личен напад или аргумент против лицето. Се толкува во туѓо име, како Зекири да не е овластен да го даде своето мислење, дискредитирајќи го притоа потпретседателот на партијата.

За читателите

Во овој текст јасно може да се види намерата на авторот да пишува против некого претставувајќи ја јавната позиција на засегнатите лица погрешно. Нема објективно претставување на ставот на премиерот, нема објаснување за ставот на Зекири и нема објективно и непристрасно претставување на веста уште во насловот. Коментарите одавторот му даваат на текстот правец поинаков од реалниот развој.

 

 

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција