Светскиот економски форум не бара владите да забранат домашно одгледување храна
Тврдења за „студија која е дел од глобалистички заговор да им се забрани на луѓето да одгледуваат своја храна овошје и зеленчук“ се невистинити. Еден од авторите на студијата за Асошиејтед прес вели дека немаат никаква поврзаност со СЕФ. Студијата е труд од јануари 2024 година со наслов „Споредување на јаглеродните отпечатоци на урбаното и конвенционалното земјоделство“ и во неа не се бара да се забрани домашното одгледување храна. Делот од објавата во кој наводно „Клинтон предупредила дека дозволувањето слободен говор на социјалните мрежи е губење контрола“, е изјава извадена од контекст. Според новинарските извештаи, таа тврди дека социјалните мрежи мора да ја модерираат содржината инаку ќе изгубат контрола
Тврдења за „студија која е дел од глобалистички заговор да им се забрани на луѓето да одгледуваат своја храна овошје и зеленчук“ се невистинити. Еден од авторите на студијата за Асошиејтед прес вели дека немаат никаква поврзаност со СЕФ. Студијата е труд од јануари 2024 година со наслов „Споредување на јаглеродните отпечатоци на урбаното и конвенционалното земјоделство“ и во неа не се бара да се забрани домашното одгледување храна. Делот од објавата во кој наводно „Клинтон предупредила дека дозволувањето слободен говор на социјалните мрежи е губење контрола“, е изјава извадена од контекст. Според новинарските извештаи, таа тврди дека социјалните мрежи мора да ја модерираат содржината инаку ќе изгубат контрола
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:
Хилари Клинтон предупредува дека дозволувањето слободен говор на социјалните мрежи значи „губиме контрола“.Светскиот економски форум (СЕФ) бара владите да спроведат забрани за членовите на пошироката јавност да одгледуваат сопствена храна дома со цел да се усогласат со агендата „Нето нула“ на неизбраната глобалистичка организација. СЕФ тврди дека домашната храна создава „емисии“ кои наводно предизвикуваат „глобално затоплување“.Целата статија во коментар.
Во склоп на објавата, во коментар се поставува текст кој може да се погледне на следниот линк.
Во текстот се вели дека: „Светскиот економски форум бара да се забрани граѓаните дома да одгледуваат храна за да се спречат емисиите кои предизвикуваат глобално затоплување“. Во написот се додава и тоа дека „неодамнешна студија на Универзитетот во Мичиген објавена во списанието Nature Cities го покажала јаглеродниот отпечаток од производството на различни видови храна“ и дека таа студија е основата врз која СЕФ наводно бара националните влади да го укинат производството на храна во домашни услови.
Во врска со делот од објавата во кој наводно „Клинтон предупредила дека дозволувањето слободен говор на социјалните мрежи е губење контрола“, оваа изјава е извадена од контекст. Имено, како што може да се види од новинарските извештаи, таа тврди дека социјалните мрежи мора да ја модерираат содржината инаку ќе изгубат контрола.
Ни треба национална акција и за жал, нашиот Конгрес досега беше дисфункционален кога се работи за адресирање на овие закани кон нашите деца, рече таа додавајќи дека се работи за содржини кои имаат импакт и на реалниот живот.
Како што пишуваат проверувачите на факти на Асошиејтед прес, овие тврдења за „студија која е дел од глобалистички заговор да им се забрани на луѓето да одгледуваат своја храна овошје и зеленчук“ се невистинити.
Прво, Светскиот економски форум не ја има спонзорирано ниту финансирано оваа студија. Постои студија, ама нејзиното поврзување со некаква агенда на Светскиот економски форум е измислено и фабрикувано. Студијата воопшто не сугерира дека домашното производство на храна треба да се забрани!
Еден од авторите на студијата за Асошиејтед прес вели дека немаат никаква поврзаност со Светскиот економски форум и дека организацијата не го финансирала нивното истражување. Студијата е труд од јануари 2024 година со наслов „Споредување на јаглеродните отпечатоци на урбаното и конвенционалното земјоделство“.
Нејзината цел е да ги спореди еколошките перформанси на 73 европски и американски урбани земјоделски локации со конвенционалните неурбани фарми.
Урбаните локации вклучуваа заеднички градини, градски фарми и индивидуални парцели. Севкупно, јаглеродниот отпечаток на храната од сите видови урбани локации беше околу шест пати поголем од конвенционалните земјоделски локации, заклучија истражувачите.
Сепак, емисиите на јаглерод значително варираат во зависност од видот на локацијата и разновидноста на одгледуваната храна. Студијата не го споменува Светскиот економски форум или забрана за домашна храна.
Наместо тоа, истражувачите сугерираат дека урбаните земјоделци можат да ги намалат нивните влијанија врз климата со одгледување култури во оранжерии, повторно користење на отпадот и продолжување на животниот век на градинарската опрема.
Во интервју за поткастот Повеќе или помалку на Би-Би-Си на 7 февруари, коавторот на студијата Џејсон (Џејк) Хаус рече дека помалото влијание врз животната средина на културите што се одгледуваат на комерцијалните фарми најмногу се должи на нивниот голем обем на производство (20 минута и 20 секунда во поткастот). Хаус за Асошиејтед прес вели дека студијата „не доби поддршка од Светскиот економски форум, а ние (авторите) немаме никакви врски со СЕФ“.
Понатаму, ние немаме интерес да го забраниме урбаното одгледување храна – многумина од нас самите сме градинари и едноставно имаме за цел да промовираме методи на урбано земјоделство со ниска содржина на јаглерод, вели тој за проверувачите на факти на Асошиејтед прес.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар