СЗО не препорачала да не се носат маските

Фото: скриншот од дел од постот

Модификувана стара препорака на Светската здравствена организација(СЗО) за носење маски само за заболените од Ковид 19 и за здравствените работници, е искористена како нова препорака на СЗО, па уште со заклучок дека маските се штетни за здравите луѓе. Станува збор за најобична невистина, затоа што со месеци во сила е препорака да се носат маски како дел од глобална стратегија за намалување на ширење на вирусот

 

Модификувана стара препорака на Светската здравствена организација(СЗО) за носење маски само за заболените од Ковид 19 и за здравствените работници, е искористена како нова препорака на СЗО, па уште со заклучок дека маските се штетни за здравите луѓе. Станува збор за најобична невистина, затоа што со месеци во сила е препорака да се носат маски како дел од глобална стратегија за намалување на ширење на вирусот

 

Пост објава на Фејсбук на македонски јазик манипулира со стара препорака на СЗО од почетокот на април околу носењето маски како заштита од зараза со корона вирусот, претставувајќи ја како нов, променет став на СЗО и на нејзиниот прв човек Теодрос Гебресиус.

Во постот манипулација на страницата Исклучи ТВ Уклучи Мозок, се наведува:

Што правиме сега со глобиве за неносење маски?

До ваквото прашање е објавена фотографија на првиот човек врз која е напишано:

СЗО: Здравите да не носат маски, штетни се

Инаку, станува збор делумен скриншот од напис од портал, кој е објавен пред 7 месеци и кој самиот има проблем во однос на вистинитоста. Насловот на написот, како што може да се види, гласи: „СЗО: Здравите да не носат маски, штетни се“, арно ама такво нешто нема во написот. Никаде внатре во текстот не се вели дека маските се генерално штетни. Само на едно место има назнака дека „неправилната употреба“ може да нанесе штета.

Ваквата објава со текстот на фотографијата врз Тедрос Гебресиус е невистина. Патем, таа е постирана на страница на Фејсбук која се претставува на јавноста со следните зборови: „Место за сите освестени и здраворазумни луѓе, кои не слугуваат на хистеријата на платените портали и политичката елита“.

За да ја разобличиме оваа невистина со факти, тука ќе наведеме само неколку, кои хронолошки ги претставуваат ставовите на здравствените власти кај нас и ставовите на СЗО:

Здравствените власти во Северна Македонија уште на почетокот на кризата на 17-ти март 2020 г., препорачаа носење заштитни маски за спречување на ширењето на вирусот. (види ТУКА)

Директорот на СЗО, Тедрос Гебресиус, на 5-ти јуни 2020 г., соопшти дека СЗО ги надополни препораките од почетокот на пандемијата и носењето маски само на оние кои се заболени и за медицинските работници, го проширува практично на целата популација:

Пошироката јавност треба да носи немедицински маски каде има широко распространето пренесување и кога физичкото растојание е тешко одржливо, како на пример во јавен превоз, во продавници или во други ограничени или преполни средини. (види ТУКА).

За носењето маски јавноста може да се информира и на неколку места од веб страницата на СЗО. Еве, на пример, што се вели на страницата за „болеста од корона вирусот, Ковид-19, совети за јавноста: кога и како да се носи маска“. Патем, оваа страница е апдејтирана на 20-ти октомври 2020 г.:

Носењето маска направете го вообичаенo кога сте покрај други луѓе.

Маските треба да се користат како дел од сеопфатната стратегија на мерки за сузбивање на преносот и спасување животи; употребата само на маска не е доволна за да се обезбеди соодветно ниво на заштита од КОВИД-19 (види ТУКА).

Еве, пак, што се вели на страницата на СЗО „Прашања и одговори во врска со Ковид-19“:

Маските се клучна мерка за сузбивање на преносот и спасување животи. Маските го намалуваат потенцијалниот ризик од изложеност на заразено лице, без разлика дали имаат симптоми или не. Луѓето кои носат маски се заштитени од заразување. Маските, исто така, спречуваат пренесување на вирусот натаму кога ги носи лице кое е заразено.

Маските треба да се користат како дел од сеопфатниот пристап „Направи сè!“, вклучувајќи: физичко растојание, избегнување преполни, затворени и тесни простории за контакт, подобрување на вентилацијата, чистење на рацете, покривање на кивање и кашлање и многу повеќе (види ТУКА).

Оваа страница е обновена на 9-ти октомври 2020 г. и јасно ја истакнува потребата од носење маски како клучна мерка да се спречи ширењето на вирусот и да се спасат животи.

Според тоа, фактите говорат дека ваква препорака од првиот човек на СЗО, каква што е претставена во постот што го рецензираме, како нешто ново и актуелно, едноставно НЕ ПОСТОИ, а следствено на тоа, објавата во постот е НЕВИСТИНА. Постои навистина една препорака од директорот на СЗО за итни ситуации, Мајкл Рајан, од 31.03.2020, кој вели дека маските се препорачуваат само за болните луѓе и за медицинските работници и во која не се наведува дека се штетни за здравите лица, туку дека можат да им нанесат штета ако неправилно се употребуваат.

Ваквата невистина, за жал, има допаѓања и прегледи од повеќе илјадници корисници, а над 200 ја споделиле за 20-тина часа.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција