Browsing Tag

kovid19verifikacijamkd

Лага е дека политичари и фармацевтски гиганти од „Фајзер“ се осудени на доживотен затвор

Не само што директорот на „Фајзер“, Алберт Бурла, не е осуден за никакви злосторства врз човештвото, туку и во времето на наводната пресуда која никогаш не се случила, всушност станува добитник на престижната „Генезис“ награда за неговите…

Лага е дека дошол крај на короната во Америка

Не е вистина дека со прекинувањето на испраќање статистика за смртност од болниците до Одделот за здравство и социјални услуги на САД, настапил некаков крај на ковид-пандемијата. Напротив, омикрон варијантата е најдоминантна во САД и…

Вакцините против ковид 19 не предизвикуваат ,,нов вид СИДА”

Вакцините против ковид 19 не предизвикуваат имуносупресија. Ова е дезинформација слична на тоа дека земјата е рамна плоча. Овие вакцини веќе се администрирани на милиони луѓе во светот и податоците покажуваат дека се екстремно ефективни и…

Не е прогласен крај на пандемијата во Германија на 14 јануари 2022 година

Не е вистина дека во Германија завршила пандемијата со коронавирусот. Напротив, земјата се соочува со рекордни бројки на новозаразени, што е закана за нејзиниот здравствен систем. Тоа го покажува епидемиолошката состојба во земјата,…

Не е вистина дека невакцинираните Шкотланѓани поретко се заразуваат и умираат од вакцинираните

Постот што е предмет на оваа рецензија дезинформира и создава погрешна перцепција во јавноста. На објавата ѝ недостига контекст, при што се презентираат  податоци кои не се докрај објаснети. Со прикривање на важната информација - дека…

Не е точно дека Црвениот крст не прима крв од вакцинирани лица

Не е точно дека оние кои се вакцинирале против ковид-19 не смеат да даруваат крв, ниту пак, е точно дека Меѓународниот црвен крст објавил дека нема да прима крв од вакцинирани, како што се тврди во постот. На веб-страницата на американскиот…

Рокот на употреба на вакцината „Фајзер“ секаде во светот е продолжен од 6 на 9 месеци, а не само кај…

Не е вистинито тврдењето во постот дека С.Македонија сама решила да го продолжи рокот на фајзеровата вакцина и дека тоа не е случај никаде во светот каде што вакцините се фрлаат. Напротив, Македонија е само една од земјите кои глобално го…

Грипот и настинките не се регистрираат како ковид-19 за да се создаде лажна пандемија

 Ковид-19, болеста која ја предизвикува коронавирусот, постои и е реална и не станува збор за лажна пандемија. Тоа го потврдуваат секојдневните бројки на заболени луѓе и починати од вирусот низ целиот свет во последната година и…

Во Австралија судиите не се ослободени од вакцинација

Судот во Викторија како независен од извршната власт, самиот се организира и самиот си носи одлука да одржува судења само кога сите учесници се целосно вакцинирани. Судиите не покажуваат отпор кон вакцинацијата. Фактот што владата на…

Поради печатна грешка, книга за омикрон-варијантата влезе во барабанот на теории на заговор

 „Вистиномер“ не најде ниту еден доказ дека книгата постоела пред декември 2021 година. Таа ексклузивно се појавува на Амазон за продажба на 5 декември 2021 и има уникатен код за издаваштво познат како интернационален стандарден број на…

Демонстранти во Ирак, прикажани како вакцинирани луѓе со експлодирани глави по вклучување на 5Г…

Нашата проверка покажа дека не станува збор за луѓе од Израел кои примиле вакцина против ковид на кои им експлодирале главите кога била вклучена 5Г мрежа, туку се работи за видео од демонстранти погодени од солзавец во Ирак во 2019 година.…

Вакцините не можат да ве разболат од ковид-19

Коронавирусот е респираторен вирус кој се пренесува преку контакт со заболено лице, односно преку неговите респираторни секрети кои се распрскуваат во вид на ситни капки кога заразениот кашла и кива, преку плунка или течење од носот.…

ПЦР тестот не е неточен и не е судски дискредитиран

Во објавата се тврди дека судски е потврдено дека ПЦР тестот е неточен при детектирање на коронавирусот. За вакво ударно и драматично тврдење не може да се најде никаква потврда или доказ. Пребарувањата на Гугл за ваква судска одлука не…

Омикрон варијантата на коронавирусот не означува команда за срцев удар

Методата искористена во постот што го рецензираме, да се земат првичните букви од два неповрзани поими (OMI и Cron) и базирано на нивните дефиниции да се тврди дека ќе добиете срцев удар бидејќи сте вакцинирани, е во најмала рака…

Не е вистина дека различни серии од вакцината на „Фајзер“имаат различен состав

Во видеото паушално се тврди дека различни серии на вакцината на „Фајзер“ имаат различен состав и дека од одредени серии има процентуално повеќе починати пациенти.  Вакцината на „Фајзер“ е иста во сите држави, се произведува во контролирани…

Не е вистина дека се врши присилна вакцинација и дека нè трујат  

Вакцинацијата во земјава, како и секаде во светот, е бесплатна и е на доброволна основа за сите возрасни групи кои можат да се вакцинираат. Според тоа, никој нема законска или каква било основа да присили некого да се вакцинира против…

мРНК вакцините немаат влијание врз бојата на млекото на мајките доилки

На објавата ѝ недостига контекст, односно важната информација од Упатството на ВАЕРС како да се толкуваат подтоците коишто се објавуваат во системот. Извештаите до ВАЕРС можат доброволно да ги достават сите, вклучително и давателите на…

Не е точно дека Владата го разгледувала предлогот вакцината против ковид-19 да стане задолжителна

Од Министерството за здравство демантираа дека се размислува вакцината против ковид-19 да стане задолжителна. По завршувањето на седницата Владата информираше дека е усвоен предложениот План за задолжителна имунизација за 2022 година, а  во…