Browsing Tag

медицина

Дипфејк видео: Доктор Велибор Тасиќ не промовирал лек за простата

Доктор Тасиќ кој е педијатар со специјалност нефрологија, на Фејсбук реагираше дека станува збор за измама и дека со помош на вештачка интелигенција му е украден гласот и злоупотребен за промоција на лажен лек за простата.

Методите за рана дијагностика на рак не се „штетни“ – бенефитите се поголеми од ризиците

Дијагностичките тестови, иако во одреден дел носат ризици, се ефективни во откривањето на животно загрозувачки здравствени состојби и во таа смисла, ризиците се помали од бенефитите.

Нема медицински докази дека глуварчето е 100 пати поефикасно од хемотерапијата и дека лекува рак

Научните докази кои се достапни, покажуваат дека пациентите со канцер кои одбираат само алтернативни терапии, умираат побрзо отколку тие што користат тестирани третмани.

Не наседнувајте, доктор Жан Митрев е злоупотребен во реклама за препарат што го враќа видот за 30…

Во објавата со помош на личности познати во медицинскиот свет и лица кои предизвикуваат доверба кај популацијата, се пласираат опасни и неточни медицински тврдења, се пласира невистина дека „Европа полудела“, се максимизира драматичноста за…

Не е точно дека нема Сарс Ков 2 и дека ниту еден вирус никогаш не бил изолиран

Вирусот кој ја предизвикува болеста ковид-19 постои и е идентификуван и изолиран повеќепати од независни истражувачи. Една од првите студии за Сарс Ков 2, првично беше објавена во февруари 2020 година, спроведена од истражувачи на…

Порно актер од Шпанија претставен како Стојанче од Стајковци – успешен студент по медицина

На Гугл побаравме некаква информација за наводниот европски натпревар за студенти по медицина и фармација, но такво нешто не успеавме да најдеме. Но, успеавме да го најдеме дечкото од фотографијата за кој се тврди дека е Стојанче од…

Објава без никакви докази ги посочува вакцините како виновник за зголемениот број лица со аутизам

Не постојат никакви медицински и научни докази кои ги поврзуваат вакцините со аутизмот. Вакцините заштитуваат и спречиле да се искоренат многу болести во минатото. Објавата што ја анализираме ја шири добро познатата антиваксерска теорија…

Хемотерапијата не е лага на медицината, но има свои несакани ефекти

Хемотерапијата содржи моќни хемикалии кои што ги убиваат брзорастечките канцерогени клетки во телото. Се користи најчесто за третман на карцином, затоа што канцерогените клетки растат и се множат многу побрзо отколку најголемиот дел од…

Не е вистина дека македонски студент по медицина измислил лек за зглобови

Објавата е измамничка, бројни елементи, меѓу кои и тој дека „успешен студент го измислил лекот и си помогнал самиот себе да стане од инвалидска количка“ се измислени, а за таа цел се злоупотребени фотографии од лице кое има церебрална…

Не е точно дека може да се направи „регенерација на сите органи“ со микропроцесори од калај

Не е точно дека може да се „направи регенерација на сите органи“ кај човекот, а науката не познава микропроцесори од калај, кои со програмски јазик се обраќаат на клетките