Browsing Tag

полиција

Тестот за дрога за полицајци е во Бугарија, а не во земјава

Испуштањето на клучни информации од насловот ги наведува читателите на погрешни заклучоци, но служи и за манипулација. Кога корисниците на социјалните мрежи ќе прочитаат дека „сите вработени во полицијата ќе се тестираат на тест за дрога“…

Не е точно дека во ЕУ се оди во затвор ако наречете политичар „Пинокио“

Објавата тврди дека во ЕУ може да се добие до 5 години затвор ако наречеш политичар „Пинокио“ и дека во Англија биле уапсени над 12.000 луѓе за изразено мислење на интернет. Овие тврдења се манипулативни и извадени од контекст.

Вест за уапсени членови на наркокартел во Црна Гора претставена како вест за уапсен македонски пејач

Веста нема никаква врска со фотографијата на објавата што ја анализираме, односно на фотографијата не е познат македонски пејач кого полицијата го уапсила. Личноста на фотографијата со лисици на рацете е Горан Стојановиќ, поранешен полицаец…

Кликбејт наслов дезинформира дека биле „уапсени познати политичари и функционери“

Во услови каде многу корисници читаат само наслови пред да формираат мислење или да споделат содржина, кликбејтот може да ги засили недоразбирањата и да придонесе за брза циркулација на лажни наративи.

Кликбејт објава манипулира со емоциите на граѓаните

Со фотографијата од интервентната полиција, објавата што ја рецензираме добива сосема поинаков контекст бидејќи ги намамува граѓаните и корисниците на социјалните мрежи да поверуваат дека се работи за настан што се случил во Северна…

ЕФЦСН го осудува полицискиот упад во граѓанската организација ЦРТА од Белград

Проверувачите на факти во Србија ја кажуваат вистината пред очите на власта. Овој упад од страна на српската влада не е ништо друго освен обид да се замолчи слободниот печат. Ги повикуваме српските власти да престанат со таквите акции,…

Кликбејт наслов дезинформира за наводна голема акција на полицијата

Сите шест настани наведени во полицискиот билтен се однесуваат на различни кривичноправни настани што повлекуваат кривични пријави според Кривичниот законик и тие меѓу себе не се поврзани. Сите шест настани се одделни, вклучуваат различни…

Камерите кои треба да ловат сообраќајни прекршоци не се во функција

Камерите кои се поставуваат на скопските сообраќајници, а кои се дел од проектот „Безбеден град“ сè уште не се во функција. Објавата што ја анализираме манипулира и непотребно крева паника во јавноста, наведувајќи ги следбениците на Фејсбук…

На таблата на полициското одделение во Шуто Оризари има македонски јазик

Македонскиот јазик стои на таблата пред полициското одделение во Шуто Оризари. Тоа може да се види од фотографиите и видеото од отворањето на полициското одделение во Општина Шуто Оризари. Дезинформацијата веројатно тргна од објава на Петар…

Купишта невистини за грабнувањето и убиството на Вања

Објавата шири низа невистини во врска со грабнувањето и убиството на Вања. Не е вистина дека имало втор обид за киднапирање, не е вистина дека мајката го пријавила исчезнувањето на ќерката ден пред нејзиното киднапирање, не е вистина дека…

Се шират невистини дека Вања била жртва на трговија со органи

Според официјалните информации добиени од истрагата на МВР и ОЈО и исказите на осомничените во врска со убиството на малолетничката од Скопје, Вања Ѓорчевска била грабната и убиена со огнено оружје, а со цел да се изнудат пари за откуп од…

Не е вистина дека полицијата го криела убиството на Вања поради Самитот на ОБСЕ

Тврдењата дека полицијата знаела дека Вања е убиена, но криела поради Самитот на ОБСЕ, се дезинформација и чиста шпекулација. Додека се одржуваше Самитот во Скопје, полицијата формираше специјален штаб кој работеше деноноќно на пронаоѓањето…

Германската полиција не отстранила дете од семејството поради верско противење на хомосексуалноста

Видеото навистина ја прикажува полицијата на Бремерхавен, но откако тоа стана вирално, полицијата испрати соопштение во коешто наведува дека описот на видеото за причината за операцијата не е точен. Полицијата не открива дополнителни детали…

Малолетнички од Скопје не биле „уапсени“, туку повикани на разговор во полициска станица

Од МВР за „Вистиномер“ потврдија дека ученичките биле само повикани на разговор во станица и не биле уапсени. Инаку, и во содржинскиот дел на текстот што се споделува во постот воопшто не се известува за никакво апсење, туку за повикување…

Машината за рансомвер напади често работи на руски погон

Русија со години негира дека е земја домаќин на хакерите кои стојат зад рансомвер нападите, но експерти за сајбер безбедност велат дека има убедливи докази дека многу од овие криминални групи се координирани токму од оваа земја. Дека…

Кусото приведување на Грета Тунберг не било инсценирано од медиумите

Грета Тунберг беше приведена на 17 јануари во западна Германија, каде неколку дена по ред имаше протести против проширување на рудник за јаглен. На снимка која беше објавена од нејзиното приведување, се гледа како германската интервентна…

Не е работа на војниците во Давос „да се погрижат елитата да нема контакт со обичните луѓе“

Владата на Швајцарија има одобрено да бидат назначени до 5 илјади трупи во Давос за време на конференцијата на СЕФ. Но, ова не значи дека сите пет илјади од нив ќе бидат испратени, ниту пак, ќе учествуваат во спроведувањето на законот, кој…