Тахири продолжува со контроверзните изјави за Ковид-19, иако тој не е компетентен за темата

Лабинот Тахири. Фото: скриншот

Пејачот Лабинот Тахири при едно негово гостување во една емисија на “TB21” изјавил дека корона вирусот е „ковид бизнис“. Оваа не е негова прва контроверзна изјава, тој уште од порано е познат по неговите дезинформациски изјави во врска со корона вирусот. Лекарот Адурим Фазлиу вели дека јавните и влијателни лица треба да го направат токму спротивното од она што го прави пејачот Тахири, да апелираат за вакцинација, пишува Порталб.мк.

Пејачот Лабинот Тахири при едно негово гостување во една емисија на “TB21” изјавил дека корона вирусот е „ковид бизнис“. Оваа не е негова прва контроверзна изјава, тој уште од порано е познат по неговите дезинформациски изјави во врска со корона вирусот. Лекарот Адурим Фазлиу вели дека јавните и влијателни лица треба да го направат токму спротивното од она што го прави пејачот Тахири, да апелираат за вакцинација, пишува Порталб.мк.

 

Пејачот Лабинот Тахири во рамките на новогодишните прослави бил поканет во забавната емисија „ Прите н’ Шпи” (Чекај дома) на „ТВ21“ каде, меѓу другото, дал и контроверзни изјави за корона вирусот.

„Продолжувам да го нарекувам ковид бизнис, добра ноќ, излегува претседателот, премиерот со кампањи и собирања, пејачите, пеењето го ширело вирусот, престанете со пеење, лицемерие“ изјави  пејачот Лабинот Тахири.

Потсетуваме дека пејачот Лабинот Тахири и порано со изјави од видот „нема вирус“, го довел во прашање постоењето на корона вирусот.

Д-р Фазлиу: Овие скандалозни изјави го зголемуваат револтот кај населението

Според доктор Адурим Фазлиу, точно е дека од почетокот на пандемијата со Ковид-19 банкротирале стотици бизниси и дека згаснале илјадници работни места, меѓутоа ние  мора да го прифатиме фактот дека се работи за една глобална пандемија и да придонесеме за што побрз излез од оваа ситуација.

д-р Адурим Фазлиу

„Има многу изјави на различни јавни личности во врска со вирусот Ковид-19. Сведоци сме на банкротирањето на стотици бизниси и гаснењето на илјадници работни места, но ваквите скандалозни и неодговорни изјави, уште повеќе го зголемуваат револтот кај народот. Јас мислам дека нема човек во светот кој не сака да се врати состојбата како што беше пред пандемијата. Затоа, сите треба да придонесеме што е можно повеќе за подобрување на сегашната состојба“, изјави доктор Адурим Фазлиу.

Фазлиу апелираше до сите јавни и влијателни личности да влијаат на населението за подигање на свеста за масовна вакцинација, додавајќи дека тоа ќе го забави брзиот развој на нови мутации.

„Очекувам од сите политички и јавни личности да го користат своето влијание  до населението за да повикаат на што поинтензивно одвивање на процесот на вакцинација. „Вакцинирањето ќе го забави брзиот развој на нови мутации и ќе влијае на полесно прележување на евентуалната инфекција“, додаде Фазлиу.

При глобални пандемии медиумите треба да бидат соработници во подобрувањето на здравствената состојба, а со тоа да се поканат компетентни лица кои ќе го информираат населението за текот на пандемијата.

Несериозно е еден пејач да се прашува за екстремно заразна болест, затоа што тој не е компетентен да зборува за теми од областа на здравството.

Инаку, бројот на заразени со Ковид-19 ја надмина бројката од 300 милиони жители. За да се достигне бројката од 100 милиони беше потребно да помине повеќе од една година, а само пет месеци за последните 100 милиони заразени, затоа што сега светот се соочува со многу позаразната варијанта Омикрон.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција