„Тајм Магазин“ нема објавено насловна каде Путин е презентиран како да е Хитлер
На насловната фотографија на „Тајм Магазин“ е претставен претседателот на Русија, Владимир Путин каде тој наликува на Хитлер. Оваа фотографија е дигитална, креирана од графичкиот дизајнер Патрик Мулдер, како што и самиот напиша на социјалната мрежа „Твитер“. Вистинската насловна страница на „Тајм Магазин“ од таа недела прикажува група војници на руски тенк
На насловната фотографија на „Тајм Магазин“ е претставен претседателот на Русија, Владимир Путин каде тој наликува на Хитлер. Оваа фотографија е дигитална, креирана од графичкиот дизајнер Патрик Мулдер, како што и самиот напиша на „Твитер“. Вистинската насловна страница на „Тајм Магазин“ од таа недела прикажува група војници на руски тенк
Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој е споделена кратка информација, односно фотографија од наводната насловна страница на „Тајм Магазин“. Во насловот од споделената информација се вели:
Насловната на магазинот Тајм, кажува сè.
На фотографијата е претставен претседателот на Русија, Владимир Путин, но во средината на фотографијата е додаден дел со кој таа е видоизменета и тој наликува на Адолф Хитлер.
Под фотографијата пишува: „Како Путин ги разруши европските соништа“ (How Putin Shattered Europe`s Dreams).
И покрај тоа што оваа фотографија во постот што го рецензираме е претставена како да е веродостојна, таа е фотомонтажа и никогаш не била испечатена во форма во која е претставена во објавата. На самата насловна, наспроти останатите изданија на „Тајм Магазин“, нема ниту датум на изданието, кој излегува еднаш неделно во САД.
Оваа фотографија е дигитална, креирана од графичкиот дизајнер Патрик Мулдер, како што и самиот напиша на социјалната мрежа „Твитер“.
Дигиталните обработки честопати циркулираат на интернет надвор од контекст, особено кога се поврзуваат со контроверзни или со емотивни теми. Долгата историја на „Тајм“ и неговите насловни страници ги прави чест таргет за фабрукување. Познат таков пример од минатото е оваа насловна страница која не е објавена на „Тајм“, а беше широко објавувана, во контекст на заминувањето на Доналд Трамп од претседателската функција во САД.
Конкретната фабрикувана насловна страница на „Тајм“ со Путин и со Хитлер, брзо се рашири на социјалните мрежи.
На 28 февруари на Инстаграм, украинското Министерство за надворешни работи доби над 57 илјади допаѓања за помалку од 24 часа откако ја сподели оваа фотографија. Истата ја сподели и аргентинскиот новинар Луис Новересио.
Иако насловната наликува на вистинска, таа не е поврзана со „Тајм Магазин“.
Оваа фотографија, како што веќе објавивме, прв ја сподели нејзиниот креатор, графичкиот дизајнер Патрик Мулдер на 26 февруари на „Твитер“.
Оригиналната фотографија го содржи неговото име, напишано во десниот долен агол. Но, подоцна кога истата е преземена и споделувана во другите постови на интернет, исечен е делот со неговото име и потписот не се гледа.
Самиот автор на фотографијата на 28 февруари напиша дека креирал композит на фотографии од Хитлер и Путин на денот кога Русија изврши инвазија во Украина и дека „завршниот резултат е толку моќен, што заслужува да биде врамен на подеднакво моќен начин”.
Вистинската насловна страница на „Тајм Магазин“ од таа недела покажува група војници кои се на руски тенк, а не Путин.
Оттука, оценуваме дека фотографијата која што е споделена во постот што го рецензираме е видоизменета, односно дека станува збор за изменета содржина (altered content).
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар