Таксист лани му наплатил 7.800 денари на швајцарски турист, а не сега

Сите објави кои ги рецензираме наведуваат дека настанот бил наводно пријавен на 20.04.2026 година во 20 часот и 40 минути во СВР Скопје. Меѓутоа, „Вистиномер“ со пребарување на старите билтени на Министерството за внатрешни работи утврди дека настанот е стар, од 14 јуни минатата година 

Сите објави кои ги рецензираме наведуваат дека настанот бил наводно пријавен на 20.04.2026 година во 20 часот и 40 минути во СВР Скопје. Меѓутоа, „Вистиномер“ со пребарување на старите билтени на Министерството за внатрешни работи утврди дека настанот е стар, од 14 јуни минатата година 

 

Рецензираме објави на социјалната мрежа Фејсбук во кои се наведува дека таксист на странец од Швајцарија му наплатил 7.800 денари за да го превезе од Центар до Средно Водно (овде, овде, овде, овде, овде, овде).

Според наведеното во објавите, турист од Швајцарија се возел со такси од центарот на Скопје до Средно Водно, а кога пристигнал на дестинацијата му биле наплатени фрапантни 7.800 денари поради што тој случајот го пријавил во полиција.

Сите објави кои ги рецензираме наведуваат дека настанот бил наводно пријавен на 20.04.2026 година во 20 часот и 40 минути во СВР Скопје. Меѓутоа, „Вистиномер“ со пребарување на старите билтени на Министерството за внатрешни работи утврди дека настанот е стар, не е од датумот за кој се тврди дека се случил и кога бил објавен од повеќе медиуми.

Поконкретно на 15 јуни 2025 година, настанот е објавен во дневниот билтен на Министерството за внатрешни работи:

На 14.06.2025 година во 20.40 часот во СВР Скопје, Б.Ф.П.Х.(43) од Швајцарија пријавил дека додека се возел во такси возило на релација од Центар до Средно Водно, бил измамен од возачот, кој за услугата му наплатил 7.800 денари, а откако пријавителот сфатил дека бил измамен, таксистот се однесувал агресивно кон него и со возилото го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, пишува во тој билтен.

Од Министерството за внатрешни работи за „Вистиномер“ потврдија дека настанот не е пријавен годинава.

Телевизија „Телма“ објави дека настанот за таксистот кој му наплатил 7.800 денари на швајцарски турист не е од 2026 година, наспроти наведеното во објавите што ги рецензираме.

Поради сите горенаведени факти објавите што ги рецензираме ги оценуваме како невистина.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција