Талески: Дали почна реализацијата на стадионот во Битола?

Битолскиот градоначалник Владимир Талевски во Советот на градот. Фото: видео клип скриншот

 

Градоначалникот на Битола, Владимир Талески, на 8 април 2014 година изјави дека од 1 јуни 2014 година ќе почне да се гради стадионот во Битола.

Битолскиот градоначалник Владимир Талевски во Советот на градот. Фото: видео клип скриншот
Битолскиот градоначалник Владимир Талески во Советот на градот. Фото: видео клип скриншот

Тој тогаш рече:

Ќе бидат изградени три нови трибини, а ќе се реконструира сегашата јужна трибина. Ќе изградиме фудбалски стадион кој Битола од Хераклеја до денес никогаш го немала. Реализацијата на проектот ќе почне од 1 јуни, а најголемата инвестиција и содржини се поврзани со северната трибина која чини околу 4,5 милиони евра, додека вредноста на целиот стадион е околу 8 милиони евра.

[Извор: Видео линк/Текст линк, Датум: 08.04.2014]

 

Образложение:

Иако поминаа 10 месеци од кога беше најавен почетокот на реализација на овој проект, досега не е сторено ништо. Стадионот е истиот, стариот и е еден од најлошите во Македонија.

Уште истиот месец, на 28 јуни 2014 година, реагираа и видни спортисти со апел веднаш да се почне со изградба на стадион во Битола.

Во текстот на спортскиот портал „Екипа“, битолските навивачи „чкембари“, велат дека до крај ќе останат во намерата постојано и постојано да потсетуваат на неопходноста од нова арена за еден од најзначајните фудбалски клубови во земјава и градот кој отсекогаш живеел за фудбалот, а сега е оставен некако на маргините на спортското живеење.

Николче Новески, Мирко Ивановски, браќата Давид и Доријан Бабунски, како и најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова се дел од кампањата „Сакаме нов стадион во Битола“…

На неисполнетото ветување реагираа и од битолските Социјалдемократи кои се приклучија на иницијативата на Фејсбук за изградба на стадион во Битола. Тие изјавија:

И ние како опозиција се вклучуваме во оваа акција, со напомена дека не сакаме да ја политизираме, но едно не може и не смее да се заборави – изградбата на стадион во Битола ја ветуваше политичар, првиот човек на градот Градоначалникот Владимир Талески.

Фејсбук групата е сѐ уште активна, а еден од последните коментари поставен за време на посетата на премиерот Никола Груевски на Битола (21.03.2015) вели вака:

Најискрено денес очекувавме конечно да се одважи премиерот и да го потврди нашето барање, а нивно ветување дека Битола ќе добие стадион, но за жал ништо од тоа…

На 22.03.2015 битолските навивачи по ремито на натпреварот со Вардар уште еднаш ја покажаа својата болка. Тие истакнаа парола „Некои работи не се купуваат со пари – за се друго тука е Самсон Кард“, со што потсетија дека сѐ уште нема стадион во Битола и дека нема веќе трпение.

 

Линкови:

 

Оценил: Владо Ѓорчев

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција