Таравари не рекламира никаков препарат за слабеење

Препаратот што се нуди во рекламата којашто се споделува во овој пост го нема во регистарот на МАЛМЕД. Исто така, неврохиругот д-р Арбен Таравари преку објава на Фејсбук реагираше дека нема никаква врска со овој препарат и се огради од него. Не  е првпат на социјалните мрежи да се сретнуваат лажни реклами за одредени препарати кои ги нудат измислени лекари или се злоупотребуваат имињата на еминентни доктори. Таков беше случајот со д-р Никола Паноовски, кој беше злоупотребен за реклама на некаков чај против паразити, за што Вистиномер веќе пишуваше

Препаратот што се нуди во рекламата којашто се споделува во овој пост  го нема во регистарот на МАЛМЕД. Исто така, неврохирургот д-р Арбен Таравари преку објава на Фејсбук реагираше дека нема никаква врска со овој препарат и се огради од него. Не  е првпат на социјалните мрежи да се сретнуваат лажни реклами за одредени препарати кои ги нудат измислени лекари или се злоупотребуваат имињата на еминентни доктори. Таков беше случајот со д-р Никола Пановски кој беше злоупотребен за реклама на некаков чај против паразити, за што Вистиномер веќе пишуваше

 

 

Рецензираме пост на Фејсбук кој рекламира некаков производ за слабеење и притоа го злоупотребува името на неврохирургот д-р Арбен Тараври, актуелен градоначалник на Гостивар и поранешен министер за здравство.

Вашата бројка ќе стане потенок за 7 дена! Нова формула со моќни антиоксиданти за претворање на маснотии во енергија за секој ден. Забрзување на метаболизмот, задушување на апетитот, нормализација на хормоналната позадина, чистење на телото на ткосините, пишува во објавата во којашто се забележуваат јазични грешки.

Во рамките на постот е прикажана и фотографија со производот за слабеење и ликот на д-р Таравари.

Но, Тараври нема никаква врска со оваа реклама за што и самиот реагираше на Фејсбук.

ВНИМАНИЕ!
Како лекар, длабоко сум загрижен за ширењето лажна реклама во мое име за производ за слабеење, за којшто се тврди дека придонесува за губење на телесната тежина.
Ги повикувам луѓето да бидат исклучително внимателни кога наидуваат на вакви содржини, коишто во дадени околности дури може да предизвикаат и големи штети по нивната здравствена состојба.
Мој приоритет отсекогаш бил грижа за здравјето и благосостојбата на граѓаните. Сите граѓани треба да имаат пристап до точни и веродостојни информации кога станува збор за нивното здравје и благосостојба.
Ги повикувам институциите да преземат мерки против ваквите лажни реклами коишто не само што можат да ги доведат потрошувачите во заблуда, туку и да предизвикаат сериозни здравствени ризици, напиша Таравари на Фејсбук.

Препаратот за слабеење кој се рекламира го нема ниту во регистарот на лекови одобрени од Агенцијата за лекови и медицински средства – МАЛМЕД.

Па, имајќи предвид дека препаратот го нема во регистарот на МАЛМЕД, како и тоа дека Таравари самиот се оградува од него, можеме да заклучиме дека постот што го анализираме е невистинит.

Не е првпат на социјалните мрежи да се сретнуваат лажни реклами за одредени препарати кои ги нудат измислени лекари или се злоупотребуваат имињата на еминентни доктори. Таков беше случајот со д-р Никола Пановски, кој беше злоупотребен за реклама на некаков чај против паразити, за што Вистиномер веќе пишуваше. Нашата проверка покажа дека чајот го нема во регистарот за лекови и медицински средства на МАЛМЕД, односно не е регистриран.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција