Техномаркет не доделува Самсунг телефони за 123 денари

Во конкретниот случај е злоупотребен брендот и логото на „Техномаркет“, добро позната продавница за бела техника. „Техномаркет“ има своја официјална страница на Фејсбук и од неа не е споделена оваа лажна наградна игра. Официјалната Фејсбук страница на „Техномаркет“ ја следат над 177 илјади корисници, оставени се сите важни контакти, директен линк кој води до официјалната веб-страница на компанијата, телефонски број,  мејл адреса

Во конкретниот случај е злоупотребен брендот и логото на „Техномаркет“, добро позната продавница за бела техника. „Техномаркет“ има своја официјална страница на Фејсбук и од неа не е споделена оваа лажна наградна игра. Официјалната Фејсбук страница на „Техномаркет“ ја следат над 177 илјади корисници, оставени се сите важни контакти, има директен линк кој води до официјалната веб-страница на компанијата, телефонски број, мејл адреса

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се споделува фотографија од Самсунг мобилен телефон и се упатуваат корисниците на социјалната мрежа да следат одредени чекори за да го добијат истиот за само 123 денари.

Speciјalna seriјa na telefoni Sаmsung S22 za samo 123 den.!
Po incident vo magacin, ogranichena seriјa telefoni Sаmsung S22 se nagraduva meѓu sluchaјni zhiteli na Makedoniјa za 123 den.! 
Za da uchestvuvate vo ovaa programa, odete na stranicata i odgovorete na prashaњata, po brza proverka ќe go znaete rezultatot, пишува во постот.

Објавата е споделена од група со наслов Техномарkт Mobiles, при што очигледно намерно се комбинираат различни фонтови на буквите во испишувањето на името и се испушта буквата „е“ во зборот „Техномаркт“. Фoтографијата којашто се споделува во склоп на објавата, содржи фалсификувана, компјутерски обработена лажна фискална сметка со логото на „Техномаркет“,  со датум од февруари 2023 година и време: 16 часот и 12 минути.

Сите овие детали имаат една единствена цел, а тоа е да ги измамат корисниците на социјалната мрежа, да поверуваат во наводната веродостојност на објавата. За да се влијае дополнително на нивното размислување и одлучување, во коментарите од бот профили кои се оставени под објавата се споделуваат наводни позитивни искуства од учеството во наградната игра. Но и овие коментари, исто како и самата наградна игра, се невистинити. Оставени се само за да создадат привид на веродостојност, за оние корисници на Фејсбук кои ќе се посомневаат во содржината на објавата да бидат убедени дека станува збор за „легитимна“ и валидна понуда.

Арно ама, наградната игра е лажна. Граѓаните би требало да внимаваат за да не станат мета на измама или прибирање на личните податоци, што се чести цели во повеќето вакви лажни објави за наградни игри. Во случајов, лажно е ветувањето дека ќе добиете мобилен телефон за багателна цена од 123 денари. Всушност, кога ќе се кликне на оставениот линк на кој лажно ве информираат дека ќе „одговорите неколку прашања“, нема да наидете на никаков прашалник, туку само на реклама за Самсунг, за неговите мобилни телефони и перформансите на истите.

Во конкретниот случај е злоупотребен брендот и логото на „Техномаркет“, добро позната продавница за бела техника. „Техномаркет“ има своја официјална страница на Фејсбук и од неа не е споделена оваа лажна наградна игра. Официјалната Фејсбук страница на „Техномаркет“ ја следат над 177 илјади корисници, оставени се сите важни контакти, директен линк кој води до официјалната веб-страница на компанијата, телефонски број,  мејл адреса. На оваа страница постојано има промоции за различните производи кои се нудат во продажните места, а сите корисници кои имаат прашања се упатуваат на официјалната веб-страница на Техномаркет каде пак детално се објаснети спецификациите на многубројните производи. На официјалната страница на Техномаркет, за разлика од лажната, се споделуваат и пропагандни материјали со информации за брендовите кои се продаваат, независно за каков вид на бела техника се работи.

Лажната Фејсбук страница – „Техномарkт Mobile“, пак, од која е споделена измислената наградна игра има само 11 следачи и 11 допаѓања во моментот на  нашата рецензија. На неа не се наведени никакви контакт – информации, ниту податоци за брендот што са нуди.

Официјалните брендови вложуваат многу време, средства за одржување на своите Фејсбук платформи бидејќи преку нив генерираат корисниците да бидат запознаени со нивните понуди. Следствено, ги користат официјалните Фејсбук групи за промоција и за реклама. Техномаркет не би направил печатна грешка во својот наслов и не би ја менувал својата официјална и добро разработена Фејсбук група, така што кога оваа наградна игра навистина би била веродостојна, би била споделена од официјалната група на  „Техномаркет“ што не е случај.

Поради сите горенаведени факти постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција