Текст кој можел да го напише било кој, доказ за партиско вработување?

Пишува Билјана Димко

Написот „Дали во Битола се тргува со работни места за гласови?“се темели на текст односно список од непознат автор. Главната проблематичност на овој документ е во тоа што не е веродостоен. Овој текст ја има за извор цитирано објавата на Твитер од Битолски сеир, каде е објавена фотографија којашто содржи текст каде пишува дека актуелната министерка за одбрана и носителка на листа во ИЕ5 , Радмила Шекеринска на 5 јули треба да оствари средба заедно со Соња Карапец, Синиша Матевски и Ице Дамјановски со наводно гласачи на СДСМ кои не се вработени и бараат СДСМ да ги вработи.

Меѓутоа, не е направен обид да се исконтактираат посочените лица и да се добијат изјави. Тоа би можел да биде еден од начините на кои ќе се потврдат или негираат наводите.

Наспроти она што се тврди, во самиот документ нема никакво обележје, симбол од партијата СДСМ, некаков печат, потпис што би укажувало дека е навистина партиски документ. Овој текст, како ваков, може да го напише секој и како таков да излезе во јавноста, но не докажува ништо. Покрај тоа, во текстот има и многу правописни грешки. 

Оттука, сосема е можно да станува збор за шпекулација, меѓутоа доколку е тоа така, тогаш во наводите тоа треба да се напомене, како што налага Кодексот на новинари.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција