Текст со семејни фотографии на Груевски врамен со невкусен и вулгарен наслов

Фото: Принтскрин

Недоличниот и невкусен наслов нема врска со одржината на текстот што се споделува на Фејсбук. Со насловот, освен што се прават инсинуации за сексуалната ориентација на поранешниот премиер – без никакви докази, се навредува и неговата сопруга Боркица и се прават вулгарни коментари за неа. Во насловот, се спомнува и првата сопруга на Груевски за која се тврди дека е повторно со него, исто така без никакви конкретни докази или каква било потврда. Вака формулираниот наслов, базиран само на шпекулации и сензационализам, оддава впечаток дека е целосно измислен само за да постигне поголемо внимание на социјалните мрежи

Недоличниот и невкусен наслов нема врска со одржината на текстот што се споделува на Фејсбук. Со насловот, освен што се прават инсинуации за сексуалната ориентација на поранешниот премиер – без никакви докази, се навредува и неговата сопруга Боркица и се прават вулгарни коментари за неа. Во насловот се спомнува и првата сопруга на Груевски за која се тврди дека е повторно со него, исто така, без никакви конкретни докази или каква било потврда. Вака формулираниот наслов, базиран само на шпекулации и сензационализам, оддава впечаток дека е целосно измислен само за да  постигне поголемо внимание на социјалните мрежи

 

 

Наслов кој изобилува со вулгарности, гадости и еднострани заклучоци е главната карактеристика на тексот што привлече внимание на социјалната мрежа Фејсбук, и се наоѓа прв во категоријата „најчитани вести“ на сајтот кој го има објавено.

РЕТКИ ФОТОГРАФИИ ГРУЈО И БОРКИЦА ВО СПАЛНА СОБА ПРААТ ЏИХА ЏИХА, Е ПА РЕТКА ГРУЈО Е ДВОЦЕВКА А БОРКА САКА ЏАНДАРИ ЗА ЏИХА БОРКИЦА Е МИНАТО ЗА НИКОЛА И СЕ ВРАЌА НА СУЗАНА АРБУТИНА ТОЕСТ ОНА МУ ИДЕ ЗА БУДИМ И ПЕШТА

Оригиналниот текст е, всушност, првично објавен на друг портал, кој го има споделено со овој наслов: „Ретка фотографија од семејниот албум: Никола и Боркица Груевски со наследничките – овој детаљ на сите им го привлече вниманието.“

Станува збор за текст во кој е опишана врската на поранешниот премиер и сегашен бегалец од правдата Никола Груевски и неговата втора сопруга Боркица. Заедно со текстот објавени се десетина фотографии од семејниот живот на Груевски со сопругата и децата, кои се јавни и можат да се најдат на неговиот Фејсбук профил.

Целиот текст потоа е ископиран и реобјавен  на „Доказ“ без да се наведе и линкува оригиналниот извор. Притоа, за да предизвика што е можно поголемо внимание и голем број на кликови, додаден му е ваков сензационалистички наслов кој во најмала рака е невкусен, а истовремено е целосно шпекулативен. Освен тоа, насловот ги измамува читателите да го кликнат и прочитаат текстот и откако ќе го направат тоа ќе сфатат дека во насловот се тврди нешто што притоа не може да се прочита во самиот текст, ниту да се потврди дали е точно или неточно преку факти и докази. Во насловот се потенцира едно нешто, а подолу во текстот воопшто не е ни спомнато тоа што го тврди насловот.

Со насловот, освен што се прават инсинуации за сексуалната ориентација на поранешниот премиер без никакви докази, се навредува и неговата сопруга Боркица и се прават вулгарни коментари за неа. Во насловот се спомнува и првата сопруга на Груевски, за која се тврди дека е повторно со него, исто така, без никакви конкретни докази или било каква потврда.

Вака објавен наслов, базиран само на шпекулации и сензационализам, оддава впечаток дека е целосно измислен само за да  постигне поголемо внимание на социјалните мрежи.

Напишаното внатре во текстот е коректно како за информација од категоријата „забава“, но џабе коректноста на текстот кога му е „залепен“ ваков од ракав истресен недоличен наслов.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција