Телото на нуркачот што исчезна во водите на Охридското Езеро сè уште не е пронајдено

Поглед на селото Трпејца со Охридското Езеро од планината Галичица Фото:Ivan Stojmirov, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Информацијата дека било пронајдено телото на бугарски нуркач кој исчезнал во водите на Охридското Езеро ја пренесоа голем дел од македонските медиуми. Портапролот на СВР – Охрид Стефан Димоски, во изјава за „Вистиномер“ дадена денеска (11 август), ги демантира ваквите информации и потврди дека по нуркачот сè уште се трага

Информацијата дека било пронајдено телото на бугарски нуркач кој исчезнал во водите на Охридското Езеро ја пренесоа голем дел од македонските медиуми. Портапролот на СВР – Охрид Стефан Димоски, во изјава за „Вистиномер“ дадена денеска (11 август), ги демантира ваквите информации и потврди дека по нуркачот сè уште се трага

 

Анализираме објава на Фејсбук која вели:

Пронајдено телото на бугарскиот нуркач кој исчезна во Охридско Езеро кај Трпејца.

Објавата споделува и напис во кој се вели:

Според најновата неофицијална вест од Охрид давеникот чие тело попладнево е пронајден кај Трпејца е телото на нуркачот по кој се трагаше. Според очевидци на чинот на пронаоѓање на давеникот се работи за лице кое е облечено во нуркачко одело кое имало опрема за нуркање.

Информацијата дека било пронајдено телото на бугарски нуркач кој исчезнал во водите на Охридското Езеро ја пренесоа голем дел од македонските медиуми.

Како што информираше полицијата, на 9 август  во 13.15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција било пријавено дека И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро, над селото Трпејца.

Но, телото на нуркачот сè уште не е пронајдено.

Портаролот на СВР-Охрид Стефан Димоски, во изјава за „Вистиномер“ дадена денеска (11 август), ги демантира ваквите информации и потврди дека по нуркачот сè уште се трага.

Како што ни посочи, веднаш штом било пријавено, полицијата почнала потрага, а во акцијата се вклучени тимови од езерската полиција и Црвен крст.

Поради ова, можеме да заклучиме дека објавата што ја анализираме е невистинита.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција