Тенденциозни наслов и фотографија за ,,данс и чекичи”

 

Пишува Билјана Димко

Рецензираме текст со тенденциозен наслов и тенденциозна фотографија, кои оставаат впечаток дека на некој начин зголемениот број на новозаразени кој изнесува 241 за еден ден, е некако поврзан со Заев и Филипче. Насловот е „ДАНСОТ“ НА „ЧЕКИЧИТЕ“ ПРОДОЛЖУВА: Рекордни 241 позитивни од 1 700 тестови, 8 починати!

Изведениот наслов остава впечаток дека е најверојатно инспириран од изјава која ја има дадено Заев за стратегијата на ,,чекан и танц со вирусот”.

Според оваа стратегија на почетокот се спроведуваат остри рестриктивни мерки со цел да се даде поголем временски период да се изнајде вакцината и да се спремат болничките капацитети и се добива на време, а потоа се олабавуваат мерките.

Станува збор за тенденциозен наслов со коментар, а текстот всушност е дневната статитистика на Министерството за здравство со бројките на новозаразени, излечени и починати од Ковид 19 во земјава.

И покрај тоа што самиот текст е статистичка информација за дневниот биланс, насловот искажува пристрасност. Во дополнителна изјава на Филипче, тој дообјаснува дека оваа дневна бројка е варијација во само еден ден и тоа како резултат на зголемен број новозаразени во штипска конфекција.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција